Економија
Фич разгледува намалување на рејтингот за шест земји од еврозоната

Бонитетската агенција „Fitch Ratings“ во петокот објави дека го разгледува намалувањето на кредитниот рејтинг за шест земји членки на еврозоната: Италија, Шпанија, Ирска, Белгија, Словенија и Кипар, за едно или за две нивоа.
Бонитетската агенција „Fitch Ratings“ во петокот објави дека го разгледува намалувањето на кредитниот рејтинг за шест земји членки на еврозоната: Италија, Шпанија, Ирска, Белгија, Словенија и Кипар, за едно или за две нивоа.Изгледите за движењето на рејтингот на споменатите шест земји, агенцијата ги означува како негативни, што значи дека е можно нивно намалување во рок од три месеца.Агенцијата посочува дека по минатонеделниот самит на Европската унија „заклучила дека сеопфатното решение за кризата во еврозоната е технички и политички останува надвор од досегот“. „Fitch“ очекува дека ќе ја заврши ревизијата на рејтинзите на шесте земји до крајот на јануари. Агенцијата во петокот, исто така, соопшти дека го задржува највисокото ниво на кредитен рејтинг на Франција „ААА“, но изгледите на оваа една од двете клучни членки покрај Германија на еврозоната ги променила од „стабилни“ во „негативни“.Во образложението се наведува и дека францускиот рејтинг е поддржан од богатото и разнолико стопанство на земјата, и притоа се истакнува оти француската влада усвоила неколку мерки за јакнење на нејзините финансии. „Fitch“, истовремено, наведува дека францускиот долг ќе го достигне врвот од 92 отсто од БДП-то во 2014 година. Претходно француските функционери и инвеститори стравуваа од можното намалување на рејтингот на Франција, што би имало големи и тешки последици врз напорите на европската унија да се справи со должничката криза./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 % во однос на одлуката од 7.03.2025 година.
Од 11.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,261 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,240 ден/кг и сега ќе изнесува 42,261 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 51,432%, кај дизелот за 4,044%, кај екстра лесното масло е за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 2,791%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5995%.
Економија
Бојкот на американски производи во Европа поради политиките на Трамп

Движења за бојкот на американските производи добиваат поддршка во Европа како реакција на промените во американската политика, особено во однос на воведените царини за европските производи и политиката кон руската агресија во Украина.
Во Шведска, оваа иницијатива доби посебен замав преку социјалните мрежи. На Фејсбук се формирани групите „Boykot varer fra USA“ со 67.000 членови и „Bojkotta varor från USA“, која брои над 70.000 корисници. Членовите на овие групи повикуваат на бојкот на американските брендови како „Мекдоналдс“, „Кока-Кола“, „Најк“, „Левис“, „Нетфликс“, „Гугл“ и „Ербнб“.
Јаник Кохинур, основачка на групата „Бојкотирам американска стока“, изјави дека овој чекор го презела бидејќи не можела директно да влијае на американските политики, но смета дека со економски притисок може да се испрати силна порака.
„Тешко е, бидејќи речиси сè е под влијание на Америка. Би требало да се бојкотира огромен број производи“, коментира еден од членовите на групата. Друг корисник нагласува дека луѓето при купување ретко размислуваат за потеклото на производите, што го прави бојкотот сложен.
Кохинур, сепак, беше критикувана бидејќи групата ја основала на платформата Фејсбук, која е во сопственост на американскиот технолошки гигант „Мета“. Таа одговори дека во моментов нема подобра алтернатива, но изрази надеж дека ќе се појават нови платформи што ќе им овозможат на активистите поголема независност.
Економија
Трипуновски: Нема да дозволам фантом земјоделци да профитираат

Земјишната политика е основен фактор за враќањето на производството во земјоделскиот сектор и враќање на производствените капацитети на нивото каде што некогаш биле, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Аграр“.
Трипуновски истакна дека неговата прва задача во функцијата е да направи ревизија на земјоделското земјиште кое било поделено во претходните години. Целта е да се провери дали земјиштето во државна сопственост се користи согласно со договореното.
„Нашиот фокус е да ги контролираме големите корисници, особено оние правни субјекти кои добиле големи површини земја, а кои можеби не ги исполнуваат обврските. До сега имаше два такви случаи каде земјиштето се користело бесправно, а истовремено биле искористени и државни субвенции“, објасни Трипуновски.
Контролите, како што најави, ќе продолжат и во иднина, а целта е да се ослободи земјиштето и да се додели на вистинските земјоделци кои ќе ја користат земјата со цел да ја подобрат производството.
„Не ќе дозволиме фантоми земјоделци да профитираат на сметка на државата“, нагласи министерот.
Во однос на јавните повици, Трипуновски информираше дека лани завршија јавни повици за распределба на земјиште кои беа објавени за време на техничката Влада. Со овие повици се потпишани 967 договори. Во текот на новогодишните празници беа објавени и нови повици кои беа барање на земјоделците, а тие завршија со пристигнување на над 2.000 апликации.
„Нашата следна фаза ќе биде оглас за распределба на земјиште, со точно дефинирани парцели. Планираме да се поделат парцели не помали од 10 хектари, бидејќи сакаме да ги охрабриме земјоделците да размислуваат за окрупнување на земјиштето“, изјави Трипуновски.