Економија
Над половина од берзанскиот промет истргуван со акции на Комерцијална банка
Промет во износ од 8.109.100,38 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 7.422.042,38 денари беа реализирани на Официјалниот пазар, додека на Редовниот прометот изнесуваше 687,058,00 денари.
Промет во износ од 8.109.100,38 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 7.422.042,38 денари беа реализирани на Официјалниот пазар, додека на Редовниот прометот изнесуваше 687,058,00 денари. Индексот МБИ10 денес се зголеми за 0,28 % и изнесуваше 1.951,12 поени.МБИД денес не се промени,остана исто како и тргувањето од претходниот ден, и изнесуваше 2.085,50 поени, а ОМБ се зголеми за 0,17 % и изнесуваше од 120,94 поени.Најголем промет беше остварен со акциите на Комерцијална банка АД Скопје во износ од 4.577.672,00 денари по просечна цена од 2.639,95 денари. Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Гранит АД Скопје со која беше остварен 496.508,00 денари промет по просечна цена од 461,44 денари.Трета беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со остварени 471.767,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 3.866,94 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М деветта емисија. Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 91,54 % и беа остварени 616.221,05 денари. На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Пекабеско АД Скопје со која беше остварен промет во износ од 360.000,00 денари, по просечна цена од 4.500,00 денари. Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка АД Скопје2. Обврзницата за денационализација на Р.М деветта емисија 3. Гранит АД Скопје 4. Алкалоид АД Скопје5. Пекабеско АД Скопје Хартии од вредност со најголем раст1. Пекабеско АД Скопје 5,88 %2. Реплек АД Скопје 2,86 %3. Гранит АД Скопје 2,54 %4.Алкалоид АД Скопје 1,18 %5.Макпетрол АД Скопје 0,83 %Хартии од вредност со најголем пад1.Макметал АД Скопје 29,31 %2. Стопанска банка АД Битола 4,73 %3. Макстил АД Скопје 2,28 %4. Македонијатурист АД Скопје 1,92 %5. Стопанска банка АД Скопје (приоритетни акции) 0,93 %
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

