Економија
Маркит:Знаци на стабилизација на економијата во еврозоната во декември

Економијата во еврозоната се стабилизирала во декември, покажа денеска објавеното истражување на институтот Маркит.
Економијата во еврозоната се стабилизирала во декември, покажа денеска објавеното истражување на институтот Маркит.Во истражувањето е посочено дека во Германија е регистриран раст на производството и стабилизација во Франција, додека Италија и Шпанија и натаму бележат влошување.Индексот на менаџерите на набавка (ПМИ) за еврозоната што го изработува Маркит го достигна во декември највисокото ниво во три месеца од 48,3 бода. Во ноември изнесувал 47 бодови.Со тоа институтот ја покачи првичната проценка, кога неговата вредност беше проценета на 47,9 бодови.Вредностите пониски од 50 бодови укажуваат на пад на активноста, а оние повисоките на нивен раст. Извештајот се темели врз податоци собрани во периодот од 5 до 20 декември.И индустрискиот и услужниот сектор на еврозоната во последниот месец минатата година бележеле пад на производството, но по пониски стапки отколку во претходните месеци.Назнаките за опоравување во декември сепак не беа доволни за да го спречат слабиот резултат во целото четврто тромесечје кое според сè ќе биде најлошо од второто тромесечје во 2009, со просечна вредност на индексот на менаџерите на набавка од само 47,2 бода.Во одвоен извештај Маркит соопшти дека индексот на набавка за услужниот сектор на еврозоната во декември исто така ја достигна највисоката вредност во трите месеца од 48,8 бодови. Во ноември изнесуваше 47,5 бодови. Маркит со тоа ја покачи првата проценка на неговата вредност што изнесуваше 48,3 бодови.Повторно моторите на опоравувањето се Германија и Франција, со раст на активноста на највисокото ниво во петте односно трите месеца. Тоа опоравување го неутрализираа слабите резултати во Италија и Шпанија, додаваат од Маркит. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.