Економија
Пападимос: Грција е пред банкрот

Грчкиот премиер Лукас Пападимос изјави дека Грција во март ќе се соочи со неконтролиран банкрот поради неплаќање на долговите.
Грчкиот премиер Лукас Пападимос изјави дека Грција во март ќе се соочи со неконтролиран банкрот поради неплаќање на долговите.
Тој ги повика синдикалните лидери итно да ги прифатат намалените трошоци за работа и ги предупреди дека во спротивно, меѓународните заеми за спасување би можеле да пресушат, што би ја вовлекло земјата во „неконтролиран банкрот“.
Пападимос предупреди дека одлуките кои што ќе бидат донесени во следните неколку недели, на средината на јануари кога во Атина треба да стигнат меѓународните инспектори, ќе одредат дали земјата ќе го задржи еврото или ќе се врати на драхма којашто до 2012 година беше грчка валута.
Грција опстанува благодарение на пакетот за спасување од 110 милијарди евра кој во мај 2010 година и го одобрија Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Атина во замена на таа помош воведе строги мерки на штедење, а во тек се преговори за финализирање на деталите за вториот меѓународен пакет од 130 милијарди евра.
„Доколку сакаме да го зачуваме нашето најзначајно достигнување, еврото и да ја избегнеме вертикалната девалвација на приходите до којшто би довеле неконтролираниот банкрот и излезот од еврозоната, мораме да го прифатиме краткорочно намалување на приходите“ вели Пападимос.
Водечкиот грчки синдикат во приватниот сектор ГССЕ претходно денеска ги отфрли повиците за намалување на трошоците за работа и инсистираше на тоа, работодавачите да се придржуваат на договорот за плата.
Другиот пакет за спасување е договорен во октомври откако стана јасно дека првиот пакет на заеми нема да биде доволен. Во рамките на договорот исто така е предвидено приватниот кредитор да отпише 100 илјади евра долг за да се воспостави негова одржливост./крај/бл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.