Економија
Еврото зајакна кон доларот
Еврото во понеделникот зајакна во однос на американскиот долар на меѓународните пазари на валути, поткрепен од бранот купувања, иако инвеститорите и натаму се претпазливи во очекувањето на важните настани во еврозоната кои се очекуваат оваа седмица.
Еврото во понеделникот зајакна во однос на американскиот долар на меѓународните пазари на валути, поткрепен од бранот купувања, иако инвеститорите и натаму се претпазливи во очекувањето на важните настани во еврозоната кои се очекуваат оваа седмица. Еврото така во однос на доларот зајакна за 0.4 отсто на 1.2764 долари откако накусо се лизна на 1,2666 долари на електронската платформа EVS, на најниското нивно во однос на американската валута од септември 2010 година. Швајцарскиот франк, пак, зајакна во однос на еврото на 1,2134 франка за евро, откако гувернерот на Швајцарската народна (централна) банка (SNB) си поднесе оставка поради скандалот со девизните трансакции на неговата сопруга. „Целата мината седмица и преку викендот слушавме дека е изложен на силен притисок да си поднесе оставка, но не сакаше да попушти. Учесниците на пазарот ја губат вербата дека SNB без Хилдебранд може да го сочува зацртаниот лимит за франкот. По неговото заминување прогнозите за идните чекори на SNB малку се обвиени со неизвесност. Кој ќе биде новиот челник и што тој ќе стори“, коментира за Reuters Дејвид Сонг од њујоршката компанија „DailyFX“.Еврото, пак, поддршката ја црпеше од купувањето со кое трговците настојуваа да ги пополнат своите позиции испразнети со неодамнешните продажби. „Јакнењето на еврото во споредба со крајот на мината седмица, претставува само прилагодување на позицијата, имајќи предвид дека трговците главно го продаваа еврото. Трендот дополнително го поддржаа податоците за американската вработеност во декември“, додава Сонг. Извештајот на американската влада за тамошниот пазар на трудот во декември покажа дека американските работодавачи минатиот месец отвориле 200 илјади нови работни места, додека стапката на невработеност се намали на најниското ниво во последните речиси три годни – на 8.5 отсто. Таквите податоци ја поткрепуваат наклонетоста на инвеститорите кон имот со поголеми приноси, како што е еврото. Во меѓувреме, вниманието ан пазарите се пренасочи на првите овогодишни аукции на шпанските и италијанските државни обврзници, кои ќе бидат одржани оваа седмица. Во моментов нема сигнали дека се подобрила побарувачката на инвеститорите за поризичен имот од еврозоната. Загриженоста дека Италија можеби ги поттикна германските и француските челници да ги зајакнат врските со италијанскиот премиер Марио Монти, кој минатата седмица се состана со францускиот претседател Николас Саркози а во среда ќе се сретне во Берлин со германската канцеларка Ангела Меркел. Сите тројца, пак, ќе се сретнат во Италија на 20-ти јануари, непосредно пред состанокот на министрите за финансии на земјите членки на Европската унија, закажан за 23-ти јануари, и самитот на ЕУ кој ќе се одржи на 30-ти јануари./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

