Економија
Иран и натаму ги поддржува нафтените пазари
Цените на нафтата пораснаа во вторникот на меѓународните пазари поради тензиите околу иранската нуклеарна програма, но тоа раст сепак го ограничува продолжувањето ан загриженоста за ситуацијата во европското стопанство.
Цените на нафтата пораснаа во вторникот на меѓународните пазари поради тензиите околу иранската нуклеарна програма, но тоа раст сепак го ограничува продолжувањето ан загриженоста за ситуацијата во европското стопанство. Цената на барел сирова нафта на лондонскиот пазар се зголеми за 94 центи,. На 112,39 долари. На американскиот пазар, пак, со барел сирова нафта се тргуваше за 1,70 долари повисока цена од понеделникот за 103,01 долари.Западните земји жестоко реагираа на најавата дека Иран почна со збогатување на ураниум до 20 отсто во подземните нуклеарни постројки во Форд, како и на смртната пресуда за американски државјанин поради шпионажа што ги поткопа очекувањата дека дипломатијата може да ги спречи новите нафтени санкции за Техеран или дури и војна. „Изгледа дека на пазарот надвладуваат факторите кои го поддржат растот на цените на нафтата, и покрај силниот долар, слабата побарувачка во еврозоната и благата зима на северната хемисфера“, вели за Reuters Кристофер Билоу од компанијата „Jefferies Bache“.Напнатоста околу иранската контроверзна нуклеарна програма за којашто Техеран тврди дека му е потребна за производство на електрична енергија и за медицински цели, произлегуваат од иранските закани за затворање на Ормускиот теснец кој е главниот морски пат за светските нафтени пратки. Земјите од Европската унија веќе постигнаа начелен договор за ембарго на увозот на иранската нафта, како и претходно САД, а на 23-ти јануари ќе ги разгледаат натамошните чекори, бидејќи некои членки бараа одложување на спроведувањето на ембаргото имајќи ја предвид нивната зависност од иранската нафта.Иран дневно произведува 3,5 милиони барели сирова нафта и е по втор според големината извозник во Организацијата на земјите извознички на нафта – OPEC, по Саудиска Арабија. ЕУ, пак, од Иран дневно увезува околу 500 илјади барели нафта. „И покрај релативно слабата побарувачка, цените на нафтата сé уште се држат над 100 долари за барел благодарејќи на геополитичките тензии. Во моментот има праг под кој цените на нафтата нема да одат“, вели за агенцијата Робертсон Наталие, од компанијата ANZ.Растот на нафтените пазари ги ограничува стопанските слабости во Европа. Инвеститорите и натаму г загрижува иднината на европското стопанство, банките и можностите за продажба на државните обврзници. Засебно OPEC соопшти дека цената на референтната кошница нејзина нафта во понеделникот чинела 112,51 долари, што е за 28 центи повеќе отколку во неделата./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

