Економија
Членовите на Регулаторна да си поднесат оставка, бара ЛДП
Членовите на Регулаторната Комисија да поднесат оставка, бараат од ЛДП, по доставувањето на декемвриските сметки на Топлификација до граѓаните.
Членовите на Регулаторната Комисија да поднесат оставка, бараат од ЛДП, по доставувањето на декемвриските сметки на Топлификација до граѓаните.
Сметаат дека петте члена од комисијата треба да ги бранат интересите на граѓаните бидејќи се избрани од граѓаните.
„Иако сите се избрани во Собранието на Република Македонија, односно од избраниците на народот, наместо да ги бранат интересите на народот, тие работат за нереалните интереси на Топлификација. Очигледна е спрегата на Топлификација и Регулаторната комисија, затоа ЛДП бара оставка од членовите на регулаторна комисија во рок од 7 дена. Доколку не се превземат никакви мерки од страна на Регулаторната комисија и Топлификација, граѓаните препуштени сами на себе очајни од високите сметки најавуваат дека своето незадоволство ќе го изразат со протести. ЛДП се додека не ги исцрпи сите законски можности и почитувајќи го дадениот рок на Регулаторната комисија, нема да биде организатор на овие протести, но доколку тие се случат ќе учествува на нив и ќе им да де поддршка на граѓаните“, изјави Роза Топузовска – Каревска, член на Извршниот Одбор на партијата.
„Прашувам, дали Топлификација знае колкави се месечните приходи на најголемиот број на граѓани и колку од нив можат да ги подмират овие трошоци притоа нивните семејства да не останат гладни до крајот на месецот. За жал граѓаните се доведоа да избираат помеѓу гладот и ладните домови“, рече Топузовска – Каревска на денешната прес-конференција на ЛДП. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

