Економија
Преговорите за грчкиот долг западнаа во криза
Банките денеска соопштија дека ги запираат преговорите со Атина за начините за репрограмирање на грчкиот јавен долг и навестија дека може да ја променат одлуката за отпишување на поголемиот дел од грчкиот долг.
Банките денеска соопштија дека ги запираат преговорите со Атина за начините за репрограмирање на грчкиот јавен долг и навестија дека може да ја променат одлуката за отпишување на поголемиот дел од грчкиот долг.Институтот за меѓународни финансии во соопштението пишува дека „и покрај напорите на грчките лидери“, предлогот на банките за отпис на половина од грчкиот долг во нивен посед „не наиде на јасен и конструктивен одговор од сите страни“.„Во такви услови преговорите со Грција се стопирани за да може да се размисли за предностите на доброволниот пристап“, се вели во текстот што го потпишале Американецот Чарлс Далара, извршен директор на Институтот за меѓународни финансии и Французот Жан Ламиер.Под поимот „доброволен пристап“ се мисли на договорот што на 26 и 27 октомври го склучија приватните доверители и лидерите на еврозоната. Првите тогаш се обврзаа дека ќе се откажат од поврат на долгот во износ од 100 милијарди евра за да се спречи неконтролиран стечај на земјата.Преговорите што грчката влада ги води со приватните доверители за отпис на дел од долгот што е предуслов за одобрување на вториот пакет помош вреден 130 милијарди евра, се во состојба на „крајна“ тензија, изјави за агенцијата Франс прес извор близок до преговорите.„Тензијата дојде до крајни граници, сите страни, учеснички во овие преговори многу важни за Грција и Грците, но и за еврозоната и Европејците, мораат да бидат свесни дека ситуацијата е многу сериозна и мораат да преземат одговорност за да се спречи она најлошото“, изјави извор близок до преговарачите.Се очекува таканаречената иницијатива на приватниот сектор да овозможи приватните доверители да отпишат барем 50 отсто од грчкиот долг, со што тој би се намалил за околу 100 милијарди евра од сегашните 350 милијарди.Грчкиот печат пишува дека преговорите запнале најпрво заради каматните стапки што ги бараат банките, а грчката страна ги држи превисоко.Дневниот весник „Катимерини“ пишува дека преговарачите од приватниот сектор за новите обврзници што ќе ги добијат во замена за старите обврзници бараат каматна стапка од околу пет отсто, додека грчката страна се согласува само на четири отсто. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

