Економија
Цената на нафтата падна на светските пазари
Цените на нафтата на светските пазари на петокот на 13-ти јануари, паднаа по информациите дека Европската унија може да ги одложи санкциите против Иран.
Цените на нафтата на светските пазари на петокот на 13-ти јануари, паднаа по информациите дека Европската унија може да ги одложи санкциите против Иран.
Февруарските фјучерси на цената на барел сирова северноморска нафта микс Brent Crude Oil на лондонската берза ICE (InterContinental Exchange Futures) во вчерашното тргување падна за 0,82 долари – до 110,44 долари за барел.
На њујоршката берза NYMEH (New York Merchantile Exchange) цената на февруарските фјучерси на американската лесна сурова нафта Light Sweet Crude Oil на затворањето во петокот доцна навечер падна на 0,40 долари – на 98,70 долари за барел.
Како што се шпекулира во Брисел, Европската унија дури за шест месеци може да го одложи воведувањето на санкции против Иран, бидејќи некои нејзини членки кои се зависни од иранската нафта во меѓувреме мора да најдат алтернативни извори на енергија и снабдувачи со нафта.
САД и другите западни земји го обвинуваат Иран дека развива нуклеарно оружје под покритие на мирновременска нуклеарна програма. Техеран ги негира обвиненијата, истакнувајќи дека неговата нуклеарна програма е со цел исполнување на потребите од електрична енергија во земјата.
Во понеделникот, Меѓународната агенција за атомска енергија официјално потврди дека Иран започна со збогатувањето на ураниумот до 20 отсто во новата подземна постројка „ Форд“. Еден ден подоцна, група американски сенатори ги повикаа европските институции да го забрзаат донесувањето на нафтените санкции против Иран, со што се опфатени 5,8 отсто од вкупниот увоз на нафта во ЕУ. Самите европски власти се очекува да разговараат за забраната за увоз на иранската нафта на состанокот на министрите за надворешни работи на 23-ти јануари.
Како одговор на заканите со санкции, иранската претставници се заканија дека ќе го блокира Ормушкиот теснец, кој е клучниот морски пат за транспорт на нафтата на светските пазари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

