Економија
„Ербас“ во 2011 година забележал рекорден број нарачки
Европскиот производител на авиони „Ербас“ минатата година примил рекорден број нарачки за новите комерцијални авиони, надминувајќи го американскиот конкурент „Боинг“ четврта година по ред.
Европскиот производител на авиони „Ербас“ минатата година примил рекорден број нарачки за новите комерцијални авиони, надминувајќи го американскиот конкурент „Боинг“ четврта година по ред.„Ербас“ денеска соопшти дека во 2011 година нето примил 1.419 нови нарачки вредни 140 милијарди долари, значително надминувајќи го „Боинг“ кој примил вкупно 805 нарачки. Со тоа е надминат претходниот рекорд од 1.413 нето нарачки кои „Боинг“ ги забележал во 2007 година.Минатата година „Ербас“ испорачал 534 авиони, во однос на 510 една година претходно, со што ја задржа титулата најголем светски производител на авиони што ја држи од 2003 година. „Боинг“ пак во 2011 година испорачал 477 авиони.„Ербас“ планира оваа година да испорача околу 570 авиони, вклучувајќи и триесетина најголеми светски авиони А380 суперџамбо.Европскиот производител имаше успех со обновениот модел со еден премин А320 нео, модифицирана верзија на постоечкиот модел А320. Така минатата година примил нето 1.226 нарачки од тој тип авион, вклучувајќи ја и нарачката на малезискиот нискотарифен превозник „Ер Асиа“ за 200 авиони, вредна 18,5 милијарди долари.Оваа година во „Ербас“ очекуваат пад на нарачките на моделот А320 нео на околу 650, бидејќи „Боинг“ одговори со нова верзија на моделот 737 под назив 737 макс. Предупредуваат дека „Боинг“ оваа година благодарејќи на тој авион би можел да им ја преземе водечката позиција според бројот на нарачки. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

