Економија
Рекордни вложувања на ЕБРД за 2011-та
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во средата соопшти дека во минатата година остварила рекордни инвестиции, со што дала силна поддршка на регионот кој и натаму е соочен со бројни предизвици, најмногу поради економските тензии во еврозоната.
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во средата соопшти дека во минатата година остварила рекордни инвестиции, со што дала силна поддршка на регионот кој и натаму е соочен со бројни предизвици, најмногу поради економските тензии во еврозоната.Во 2011 година ЕБРД инвестирал малку повеќе од девет милијарди евра на потегот од земјите од југоисточна и централа Европа па до централна Азија и со тоа благо ги натфрлила вложувањата од претходната 2010 година. Вкупно се одобрени 380 поединечни заеми и вложувања во акционерски капитал, соопштија од ЕБРД. Банката во своето соопштение натаму истакнува дека во 2012 година влегува во силна форма, благодарејќи на зголемувањето на капиталот кој го запишале сите акционери, вклучувајќи ги сите осум земји од групата Г-8, како и солидната добивка и покрај извонредните предизвикувачки услови на пазарот.Во банката очекуваат дека ќе можат да објават за остварена добивка во 2011 година, во износ поголем од 800 милиони евра, што во прв ред се припишува на силните нето каматни приходи. За нето добивката, пак, во ЕБРД очекуваат да биде пониска, и тоа првенствено поради влијанието на падот на вредноста на акционерските удели имајќи го предвид општиот надолен тренд на берзите во земјите од регионот. Уделот на лошите кредити во ЕБРД и натаму е многу низок, во висина од само 2,6 отсто во вкупните заеми, наспроти 2,9 отсто од вкупните кредити колку што изнесуваше во 2010 година, се наведува во соопштението на банката. Со поддршката на натамошното зголемување на резервите и потврдениот највисок кредитен рејтинг од „ААА“, покрај „стабилната“ прогноза за ЕБРД од страна на трите водечки бонитетски агенции, ЕБРД е добро позиционирана за натамошно високо ниво на инвестиции со коишто ќе го поддржи процесот на модернизација на стопанствата во земјите во коишто делува, се истакнува меѓу другото во соопштението. „ЕБРД има многу силна капитална основица и ужива потполна поддршка од своите акционери и доверба на меѓународната заедница, Во 2012 година ќе продолжиме да го овозможуваме високото ниво на поддршка на земјите во коишто дејствуваме, и тоа во услови на зголемена неизвесност во економското опкружување“, се наведува во писмената изјава на Манфред Шеперс, потпретседател и финансиски директор во ЕБРД./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

