Економија
Слаб почеток во новата година за кинеското индустриско производство
Кинеското индустриско производство се намалило во јануари, трет месец по ред, покажаа денеска објавените податоци, што ги наведува аналитичарите на заклучок за дополнително забавување на растот во втората по големина светска економија.
Кинеското индустриско производство се намалило во јануари, трет месец по ред, покажаа денеска објавените податоци, што ги наведува аналитичарите на заклучок за дополнително забавување на растот во втората по големина светска економија.Прелиминарниот индекс на менаџерите на набавка што ги изработува британскиот банкарски џин HSBC, незначително порасна во јануари на 48,8 бодови, од 48,7 бодови колку што изнесуваше во декември.Вредностите над 50 бодови укажуваат на раст на активностите, а оние под тоа на нивен пад.„Трет месец по ред во кој вредноста на индексот за индустрискиот сектор е пониска од 50 бодови, значи дека растот дополнително ќе забави“, констатираше во службеното соопштение главниот економист на HSBC за Кина Ку Хонгбин.Според него, продолженото забавување на инвестициите и извозот подразбира дополнителна кочница за растот.Кинеската економија во четвртото тромесечје порасна за 8,9 отсто во однос на истиот период лани, по 9,1 отстотниот годишен раст во претходните три месеца, што укажува на забавување на растот под влијание на слабиот извоз и превирањата во Европа и САД.Швајцарската банка УБС проценува дека првите три овогодишни месеци растот би можел дополнително да биде забавен, под 8 отсто.Кинеската централна банка уште во декември првпат во три години го намали нивото на задолжителни резерви за банките за да го поттикне растот и да ги ублажи последиците на проблемот на клучните кинески извозни пазари во Европа и САД.Владата исто така сака да ја зајакне улогата на домашната потрошувачка во генерирањето на растот, да им овозможи на потрошувачите купување на стока што се произведува во домашните фабрики.Најновите официјални податоци објавени оваа недела покажуваат дека прометот во кинеската малопродажба минатата година пораснал за 17,1 отсто, што значи дека бил незначително успорен отколку во 2010 година.„Побарувачката, посебно онаа домашната, сепак не е доволно силна да ги намали залихите и на неа сè уште влијае општото економско опкружување“, предупредува Занг Ксинфа од галакси секјурити од Пекинг. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

