Економија
Цената на златото расте, поттикната од ембаргото на ЕУ врз Иран
Цените на златото во понеделникот пораснаа по шпекулациите за плановите на Европската унија за воведување забрана за тргување со благородни метали со Иран, покажуваат податоците од берзите.
Цените на златото во понеделникот пораснаа по шпекулациите за плановите на Европската унија за воведување забрана за тргување со благородни метали со Иран, покажуваат податоците од берзите.Така, околу 11 часот по македонско време, февруарските фјучерси на златото на тргувањето на електронската платформа на њујоршката берза Comex се зголемија за 0,62 отсто, на 1.674,70 долари за тројска унца.Според агенцијата MarketWatch, цената на златото почна да се зголемува по извештајот дека европските власти планираат покрај другите санкции да воведат и ембарго за тргување со благородни метали со Иран. Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ за воведување санкции за Иран треба да разговараат во понеделникот на состанокот во Брисел.Покрај тоа, позитивен ефект врз динамиката на цените на златото продолжува да обезбедуваат и вестите од Европа, каде што во понеделникот, исто така, ќе се одржи и состанокот на Еврогрупата. Се очекува дека министрите за финансии од земјите членки на еврозоната ќе го разгледуваат обезбедувањето на вториот пакет од финансиската помош за Грција. На пазарот, сепак, не преовладува единственото мнение за исходот од оваа средба: некои инвеститори веруваат дека европските политичари уште еднаш ќе ја одложат одлуката за финансиската помош на Атина, доколку тамошната влада не успее да се договори со приватните кредитори за отпишување на дел од нејзиниот долг.Растот на цените на златото во 2011 година изнесуваше речиси 10 отсто. Овој 11-годишен период на зголемувањето на цената на благородниот метал е најдолгиот, барем во периодот од 1920 година наваму.Еден од главните фактори за поддршка на вредноста на златото, кое се смета од страна на инвеститорите како посигурна алтернатива за нестабилните вредности на валутите и акциите на компаниите кои се пoдложни на големи осцилации, останува должничката криза Европа и забрзувањето на инфлацијата во различни земји./крај/мв/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

