Економија
Индексите на Волстрит останаа непроменети
Во понеделникот на Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети бидејќи инвеститорите останаа претпазливи по силниот раст на цените на акциите од почетокот на годината.
Во понеделникот на Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети бидејќи инвеститорите останаа претпазливи по силниот раст на цените на акциите од почетокот на годината.Индексот Dow Jones ослаби за 0,09 отсто на 12.708 отсто, а за исто толку се лизна и индексот Nasdaq кој падна на 2.784поени, додека, пак, индексот S&P 500 зајакна за 0,05 отсто на 1.316 индексни поени. Благодарејќи на навестувањата за јакнење на американското стопанство, индексот S&P 500 од почетокот на 2012 година порасна за речиси 5 отсто. Минатата седмица го забележа најголемиот раст во последните месец дена Позитивно на пазарот влијаат и добрите квартални деловни резултати, иако тие не се и одушевувачки Според податоците на Thomson Reuters, досега деловните извештаи за последниот квартал ги објавија околу 15 отсто од компаниите чиишто акции се содржани во индексот S&P 500, а само 59 отсто од нив оствариле подобри резултати отколку што се очекуваше. Тоа е помалку отколку во третото тримесечје од изминатата фискална година, кога процените ги натфрлија 68 отсто од компаниите, додека во вториот квартал тоа го остварија дури 78 отсто од компаниите.Инвеститорите се надеваат дека тој процент ќе биде подобрен тековнава седмица, кога своите деловни извештаи ќе ги објават 117 компании чиишто акции се содржат во индексот S&P 500, како што се „Apple“, „McDonald’s“, „DuPont“, „Johnson & Johnson“.Се следат и случувањата во Европа, иако европската должничка криза веќе извесно време има мало влијание врз Волстрит, отколку кон крајот на минатата година.Во фокусот на инвеститорите, исто така, се и преговорите на грчката влада со приватните кредитори, при што постои надеж дека ќе биде постигнат договорот којшто би го спречил банкротот на Грција овозможувајќи и’ нова помош пред да во март во Атина стигне наплатата од 14,5 милијарди евра за нејзините државни обврзници.За да се отпишат околу 50 отсто од долговите на Грција, приватните кредитори бараат од владата во Атина камата од 4 отсто на новите обврзници со коишто би ги замениле старите. Грчката влада изрази подготвеност каматата да ја плати по стапка од 3,5 отсто, а за тоа ја има и поддршката од министрите за финансии на земјите членки на еврозоната, коишто по состанокот во понеделникот во Брисел испратија порака дека понудата на приватните кредитори не е доволнаНа европските берза пак цените на акциите во вторникот пораснаа. Така, индексот на лондонската берза FTSЕ зајакна за 0,94 отсто на 5.782 поени, индексот на франкфуртската берза DAX за 0,5 0 отсто на 6.436 поени, а индексот на париската берза CAC за 0,51 отсто на 3.338 индексни поени./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

