Економија
ИЛО: Се влошува состојбата на глобалниот пазар на трудот
Изгледите на глобалниот пазар на трудот се влошија во споредба со минатата година, се вели во годишниот извештај за глобалните трендови во вработувањето на Меѓународната организација на трудот (ИЛО).
Изгледите на глобалниот пазар на трудот се влошија во споредба со минатата година, се вели во годишниот извештај за глобалните трендови во вработувањето на Меѓународната организација на трудот (ИЛО).
Во извештајот состојбата се нарекува „итна“, бидејќи преку 1,1 милијарда луѓе ширум светот се или невработени или шивеат во беда. Од ИЛО сметаат дека владите мора да создадат најмалку 600 милиони работни места во текот на наредната деценија.
Единствената светла точка во извештајот е тоа што создавањето на работни места е во пораст, потикнат од добрите економски услови во големите екоомии во развој во Јужна Америка и во Источна Азија.
„Наспроти силните напори на владите, кризата со работните места и натаму продолжува без никакви промени, при што еден од секои тројца работници, или 1,1 милијарда работоспособни луѓе, се или невработени или живеат во беда “, се вели во извештајот, кој како причина за влошената состојба ја посочува глобалната криза која трае веќе три години.
ИЛО во извештајот наведува дека во светската работна сила има 29 милиони помалку работници отколку што беше предвидено пред да започне економското забљавување во 2009 година. Овие 29 милиони луѓе се наречени „обесхрабрени работниц“, поточно луѓе кои престанале да бараат работа затоа што сметаат дека шансите да ја најдат се минимални.
Ако на вкупната бројка на невработени се додадат и овие 29 милиони луѓе, тоа ќе ја зголеми глобалната стапка на невработеност од шест на 6,9 проценти. Тоа се околу 225 милини луѓе ширум светот.
Во извештајот на ИЛО се потенцира и дека младите се меѓу најпогодените од кризата со вработувањето и нивната иднина е мрачна.
„Судејќи според сегашните трендови, на кус рок има малку надеж за некое позначајно подобрување на нивните можности за вработување“, се вели во извештајот. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

