Економија
Грција пред банкрот – ЕУ министрите го одбија планот на приватните кредитори
Министрите за финансии на еврозоната ги одбија предлозите на приватните кредитори за реструктуирање на грчкиот долг, со што преговорите се вратени на почеток, а повторно се отвора и можноста за банкрот на Грција.
Министрите за финансии на еврозоната ги одбија предлозите на приватните кредитори за реструктуирање на грчкиот долг, со што преговорите се вратени на почеток, а повторно се отвора и можноста за банкрот на Грција.На вчерашниот состанок во Брисел министрите за финансии на еврозоната заклучија дека е неприфатлива понудата на приватните кредитори од четири отсто по купон на новите долгорочни обврзници што Грција би требало да ги издаде наместо постоечките државни обврзници.Банките и останатите приватни финансиски институции кои ги претставува Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) бараа купонот да изнесува четири отсто ако веќе мораат да ја намалат номиналната вредност на долгот за 50 отсто.Купонот е посебен дел од вредносната хартија врз чија основа на неговиот законски сопственик периодично би му се исплаќале одредени суми. Во поширока смисла, и обврзницата содржи купони врз чија основа на законскиот сопственик му се исплаќаат камати на вложените пари. Во правилото кај обврзниците купоните гласат на фиксен процент од нивната номинална вредност. Во таа насока, купонот во брокерски жаргон ја означува висината на окаматената обврзница.Грција не е подготвена да плаќа повеќе од 3,5 отсто по купон. Таквиот став го поддржуваат министрите за финансии на еврозоната и ММФ.Жан-Клод Јункер, претседавач со земјите од еврозоната, изјави дека Грција со приватните кредитори мора да постигне договор со кој каматите на заменските обврзници ќе бидат „дебело“ под четири отсто. Тој додаде дека „министрите ги советувале грчките колеги во преговорите да инсистираат каматите на новите акции да бидат значително под четири отсто за цело време на траење на новите обврзници, што значи дека каматите би морале да се спуштат дури и под 3,5 отсто многу пред 2020 година.Целта на ваквото реструктуирање е намалување на грчкиот долг за 100 милијарди евра, што е намалување на долгот во однос на БДП од 160 отсто на 120 отсто и тоа сè до 2020 година. ЕУ, како и претставниците на ММФ, сметаат дека така реструктуираниот долг би станал одржлив за Грција.Во случај Грција и кредиторите да не постигнат договор, последиците би можеле да бидат катастрофални за финансиските пазари. Преговорите околу вклучувањето на приватниот сектор се водат веќе седум месеци без никаков успех. Доколку договорот не биде постигнат до март, до кога Атина мора да врати 14,5 милијарди евра долг што стига за наплата, Грција ќе мора да прогласи банкрот, пренесува Ројтерс.Но, и покрај таквите показатели, еврокомесарот за економски и финансиски работи Оли Рен, изјави дека очекува постигање на договор за неколку дена. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

