Економија
Еврозоната можеби уште може да ја избегне рецесијата
Еврозоната сé уште би можел да ја избегне рецесијата благодарејќи на ненадејниот залет на услужниот сектор, кој во јануари го надомести продолжениот пад на активностите во производството, покажаа во вторникот презентираните првични процени на реномираниот институт Markit
Еврозоната сé уште би можел да ја избегне рецесијата благодарејќи на ненадејниот залет на услужниот сектор, кој во јануари го надомести продолжениот пад на активностите во производството, покажаа во вторникот презентираните првични процени на реномираниот институт Markit Вкупниот индекс на менаџерите на набавка во еврозоната (PMI) кој го изработува Markit и се смета за добар показател на стопанскиот раст во јануари се зголемил ма 50,4 индексни поени од 48.3 колку што имал во декември. Тоа е неговата најголема вредност во полесните четири месеци.„Се чини дека индексот во октомври го достигна најниското ниво и по тоа имавме три месеца подобрување. Тие три месеца ги сметаме како сигнал за пресвртница и малку сме посигурни“, го цитира Reuters Крис Вилијамсон, главен економист во Markit.„Можеби еврозоната нема да забележи рецесија, туку многу кус период на пад на активностите“, резимира Вилијамсон.Сепак, загрижува податокот дека растот се потпира на двете големи стопанства во еврозоната, на германското и на француското, додека другите држави и натаму бележат пад на активностите, истакнуваат од Markit. Растот на индексот PMI за услужниот сектор во јануари на 50,5 од 48,8 декемвриски индексни поени, значи дека првпат од ланскиот август ја надминал границата од 50 индексни пени, којашто го дели растот од падот на активностите. Индексот PMI за индустрискиот сектор, пак, во јануари изнесувал 48,7 поени наспроти декемвриските 46,9 индексни поени./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

