Економија
Обама за обнова на стопанството и економската правичност
Американскиот претседател Барак Обама во својот говор пред Конгресот се заложи за одржлива обнова на американското стопанство, вклучувајќи јакнење на извозот и враќање на производството од странство, а повика и на враќање на економската правичност преку јакнење на средната класа.
Американскиот претседател Барак Обама во својот говор пред Конгресот се заложи за одржлива обнова на американското стопанство, вклучувајќи јакнење на извозот и враќање на производството од странство, а повика и на враќање на економската правичност преку јакнење на средната класа.
Во својот „Говор за состојбата во Унијата“, како што традиционално се нарекува годишното обраќање на американскиот претседател, Обама најави промени во стопанството и даночниот систем, кои ќе се однесуваат пред се на оние со добра заработка, како и олеснувања за оние фирми што отвораат работни места во САД, но и подобрување на обуките и образованието на американските работници.
„Можеме да се помириме со земја во која се помал број луѓе работат добро, додека расте бројот на Американци кои едвај сврзуваат крај со крај…или можеме да го обновиме стопанството во кое секој добива фер шанса, секому му се дава чесен дел и секој игра по свои правила“, рече Обама во говорот што го искористи како вовед во неговата кампања за изборите на 6-ти ноември.
Предложи воведување на даночни мерки од најмалку 30 отсто за оние што заработуваат преку милион долари годишно и нагласи дека даноците не смеат да растат за оние што заработуваат помалку од 250.000 долари, а во таа група припаѓаат 98 отсто од Американците.
„Мораме да го промениме даночниот закон за да луѓето како мене и големиот број конгресмени да плаќаат правичен дел за данок“, рече Обама.
Неговото залагање за 30-отстотно оданочување на милионерите е во судир со даночната пријава на најверојатниот републикански противкандидат Мит Ромни, кои за приход од 22 милиони долари во 2010 година плати околу 14 отсто данок.
Обама, исто така, најави програма за рефинансирање за сопствениците на недвижнини, со помош на банки кои беа санирани со државна помош.
Како приоритет го истакна спречувањето на растот на данокот на плати за 160 милиони вработени Американци и го повика Конгресот итно да го продолжи важењето на досегашните олеснувања.
Членовите на Конгресот од редот на Демократите над 30 пати станаа и со аплаузи ги поздравија поентите во говорот на Обама, додека Републиканците седечки го проследија настапот. /крај/хина/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

