Економија
Стратешки партнер од Израел влезе во Ми-Да Моторс
Една од попознатите автокуќи во Македонија и овластен увозник на Форд, Ми-Да Моторс денеска објави дека добила стратешки партнер во компанијата GRAND Automotive од Израел.
Една од попознатите автокуќи во Македонија и овластен увозник на Форд, Ми-Да Моторс денеска објави дека добила стратешки партнер во компанијата GRAND Automotive од Израел.Притоа компанијата го промени името во Ми-Да Гранд Моторс, која сега е мешовито претпријатије, во кое управувачкиот пакет го има GRAND Automotive, а основачот на Ми-Да, Марјан Миновски е назначен за претседател во новата фирма и член на Управниот Одбор.„По повеќе од 20 години успешно постоење и работење на Македонскиот пазар, дојде време за вклучување на партнер во работењето на компанијата, со цел да се унапреди бизнисот, но и да се даде дополнителен импулс во проширување, вмрежување со компании од околината, како поради пренесување на искуство, воведување на унифицирани услуги но и зголемување и збогатување на пакетот на производи и услуги“, стои во соопштението.Притоа се најавува дека Ми-Да Гранд Моторс ќе се развива не само во насока на проширување на својата продажна и сервисна мрежа, туку и со воведување на нови брендови на Македонскиот пазар кои што веќе се присутни во сестринските компании во соседството. GRAND Automotive е дел од Taavura холдингот, чии сопственици се дел од сопственоста и на една од најголемите бизнис групации во Израел, IDB. IDB е светски призната и позната групација која има импозантно портфолио на компании и joint ventures низ светот во речиси сите клучни индустрии. Активата на IDB изнесува околу 35 милијарди долари. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

