Економија
Европа би губела по милион работници годишно ако не ја смени политиката
Европа ќе мора значително да го смени начинот на којшто ја организира работната сила и управување, поради притисокот од демографските трендови и буџетскиот дефицит, предупредува Светска банка.
Европа ќе мора значително да го смени начинот на којшто ја организира работната сила и управување, поради притисокот од демографските трендови и буџетскиот дефицит, предупредува Светска банка.
Во најновиот извештај „Златен раст: како да се врати сјајот на европскиот економски модел“ се истакнува дека Европа, со население кое забрзано старее и со опаѓањето на наталитетот, во наредните пет децении секоја година ќе губи околу еден милион работници ако не ја смени политиката на вработување, миграции и пензии.
Проекциите на работната сила во Европа покажуваат дека во овој период Европа ќе се намали од 325 на 275 милиони, се наведува во Извештајот кој е објавен во Брисел.
Истовремено, Европејците го намалија работното време. Американците денеска работат еден месец повеќе во споредба со Холанѓаните, Французите, Германците и Швеѓаните, а значително повеќе од Грците, Шпанците, Унгарците и Полјаците.
Мажите во Полска, Унгарија и Франција одат во пензија осум години порано, отколку во средината на шеесеттите, а слично е и во останатите земји на ЕУ, наведува Светската банка и предупреди дека тоа прави огромен притисок на финансиите, кои и онака се преоптоварени со трошоци од сервисирање на големиот јавен долг.
Европа ќе мора да работи на повеќе фронтови и да го решава недостигот од работна сила, да ја зголемува конкурентноста на работните места, да ја унапредува мобилноста на работната сила и да ја преиспита имиграционата политика. За овие промени ќе треба нов општествен консензус, наведува Светска банка. /крај/тј/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%, известува Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска
Економија
Николоски: Растот на превезена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места
Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемен во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, информира министерот за транспорт, Александар Николоски.
Според него, големиот раст на превезнена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места.
„Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10“, вели Николоски.
Ток, исто така, наведе дека во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 153 патници што, како што вели, покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска подршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии.
Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите.
Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железнички превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34 илјади патници.

