Економија
Иранските закани ја кренаа цената на нафтата
Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните берзи откако иранските закани за запирање на извозот во Европската унија(ЕУ) ги поткрепија стравувањата од пореметувања во снабдувањето, додека позитивните податоци од САД го поттикнуваат оптимизмот во врска со шансите за економијата.
Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните берзи откако иранските закани за запирање на извозот во Европската унија(ЕУ) ги поткрепија стравувањата од пореметувања во снабдувањето, додека позитивните податоци од САД го поттикнуваат оптимизмот во врска со шансите за економијата.Цената на барел сирова нафта пораснала на берзата во Лондон за 55 центи, на 111,34 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше за 57 центи повисока цена, за 100,27 долари.Иранскиот парламент оваа недела ќе расправа по предлог законот со кој би се отворил патот за прекин на испораката на иранска нафта на ЕУ, цитираше денеска иранската новинска агенција Фарс анонимен пратеник во иранскиот парламент.Евентуалниот ирански прекин на извозот на нафта во ЕУ пред јули кога стапува на сила европската забрана за увоз би можело да предизвика проблеми кај европските земји кои сè уште силно зависат од увозот на нафта.Аналитичарите се сомневаат во таквиот расплет.Покрај тензиите во врска со снабдувањето, цените на нафтата се поткрепени и од позитивните шанси за економијата. Така, најновите податоци од САД покажуваат опоравување на новите нарачки на индустриските производи во декември, а подобрување покажува и индексот на идните корпоративни вложувања.Нивната објава ги орасположи пазарите во пресрет на денешната објава на податоците за американскиот БДП во четвртото тромесечје. Се очекува дека ќе покаже раст во висина од три отсто.Од своја страна, Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) денеска соопшти дека цената на барелот на референтната кошничка на нејзината нафта во четврток изнесувала 111,26 долари, што значи дека била за 56 центи поскапа од претходниот ден. /крај.хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

