Економија
Путин:Досегашните економски реформи без резултати
Рускиот премиер Владимир Путин оцени дека реформите на претседателот Дмитриј Медведев во неговата предизборна програма посветена на економијата за подобрување на бизнис климата, не довеле до значајни придвижувања.
Рускиот премиер Владимир Путин оцени дека реформите на претседателот Дмитриј Медведев во неговата предизборна програма посветена на економијата за подобрување на бизнис климата, не довеле до значајни придвижувања.Путин, како претседателски кандидат, во програмскиот дел посветен на економијата, а кој денеска го објавува весникот „Ведомости“, признава дека Русија губи во конкуренцијата на правен план и дека заради тоа сопствениците на фирми кои работат во Русија преферираат да ги регистрираат компаниите во странство.Путин оцени дека е „недопустливо“ Русија да има економија „која не и гарантира ни стабилност, ни суверенитет, ни благосостојба“.„Потребна ни е нова економија, со конкурентно стопанство, со ефикасно земјоделство, која работи на современа технолошка база. Неопходно е да изградиме ефикасен механизам за обнова на економијата, да најдеме и привлечеме неопходни огромни материјални и кадровски ресурси“, наведе Путин.Тој најави приватизација на државните корпорации, чие создавање инаку го иницираше, оценувајќи дека до 2016 година може да се намали делот на учество на државата во некои суровинска гранки на економијата и да се заврши процесот на излегување од големите несуровински компании.Оценувајќи дека во секторот градежништво и транспорт Русија „заглавила во минатиот век“, Путин предлага значително зголемување на државните средства за развој на инфраструктурни проекти, меѓу кои и за изградба на патишта, како и учество на познати странски компании во целата работа.Рускиот премиер се заложи за промена на идеологијата на државна контрола над бизнисот и за ограничување на функцијата на државата.„Главен проблем е недостигот на транспарентност во работата на претставниците на државата, од царинските и даночните служби, до судскиот и безбедносниот систем. Ако работите се наречат со своето име, станува збор за систематска корупција“, наведува Путин, кој од 2000 година во два мандата беше претседател, а потоа и премиер.Тој додаде дека во Русија мораат да се променат самата држава, извршната и судската власт и да се врати технолошкото лидерство. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

