Економија
Путин најави „нова економија“ во Русија
Рускиот премиер Владимир Путин кој е на власт 12 години и повторно се кандидираше на претседателските избори во март годинава, во понеделникот вети „нова економија“ во Русија, признавајќи дека тамошното стопанство го нагризува корупцијата и дека не е привлечно за инвеститорите.
Рускиот премиер Владимир Путин кој е на власт 12 години и повторно се кандидираше на претседателските избори во март годинава, во понеделникот вети „нова економија“ во Русија, признавајќи дека тамошното стопанство го нагризува корупцијата и дека не е привлечно за инвеститорите. „Русија не може да си дозволи да има стопанство кошето не гарантира ниту стабилност, ниту независност, ниту благосостојба. Потребно ни еново стопанство“, се вели во еден од текстовите посветени на економијата што во рамките на предизборната кампања ги објавува премиерот Владимир Путин во економскиот дневен весник Ведомости.Путин кој се соочува со најголемите досега протести во Русија откако тој е на власт поради забелешките за неправилност на парламентарните избори од декември, признава дека земјата ја нагризува „системската“ корупција, дека климата за претприемништвото “не е задоволувачка“, како и дека е „недозволива“ зависноста од извозот на сировините.„Во однос на конкуренцијата, нашата земја многу помалку е привлечна за инвеститорите. Забележуваме голем одлив на капиталот. Главниот проблем е недоволната транспарентност, недостигот од контрола на општеството над јавните функционери, царината, даночните служби, правосудниот систем и силите на поредокот. Станува збор за системска корупција, доколку работите ги именуваме со вистинското име“, предупредува во денешниот напис премиерот Путин кој во периодот од 2000 до 2008 година ја извршуваше функцијата претседател на Руската Федерација. Притоа, тој признава дека и покрај реформите „кои се спроведуваат во земјата последните години“ на иницијатива на актуелниот претседател Дмитриј Медведев, не е остварен „значителен напредок за да се поправи деловната клима“. Во истиот напис, Путин вели дека смета оти е возможно до 2016 година да се намали учеството на државата во голем број руски стратешки компании, како и „излегување на државата од капиталот на крупните нестратешки компании, коишто не се вклучени во монополите со природните ресурси и одбранбената индустрија“.Во коментарот за овој напис, редакцијата на Ведомости изразува жалење што премиерот Путин економските проблеми „не ги доведува во врска со нужната политичка реформа. „Путин институционалната реформа ја споменува само еднаш, кога зборуваше за потребата од привлекување на капиталот. А што тој правеше сиве овие години“, прашува уредништвото на весникот./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

