Економија
Чешка и’ се придружи на Британија против фискалниот пакт
Шведскиот премиер Фредрик Рејнфилд во понеделникот навечер во Брисел рече дека Чешка и’ се придружила на Велика Британија и дека нема да му пристапи на новиот фискален пакт кој треба да загарантира финансиска дисциплина за да се спречи повторувањето на сегашната криза.
Шведскиот премиер Фредрик Рејнфилд во понеделникот навечер во Брисел рече дека Чешка и’ се придружила на Велика Британија и дека нема да му пристапи на новиот фискален пакт кој треба да загарантира финансиска дисциплина за да се спречи повторувањето на сегашната криза. „Сите земји изразија намера да пристпата на буџетскиот пакт, освен Велика Британија и Чешка“, изјавил за новинарите коишто го следат самитот на Европската унија во Брисел, шведскиот премиер Фредрик Рејнфилд, пренесува AFP.Информацијата ја потврдил и претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, со кусата порака поставена на неговиот микроблог на Твитер дека „25 земји членки ќе го потпишат фискалниот пакт“.Фискалниот пакт би требало да биде потпишан на самитот на Унијата којшто ќе се одржи на почетокот од март, а со него земјите потписнички ќе се обврзат дека ќе водат избалансирана буџетска политика, ќе го запрат растот на долговите и ќе почнат да ги намалуваат. Одредбите дека структурниот буџетски дефицит не смее да надминува 0,5 отсто од БДП-то а јавниот долг 60 отсто од БДП-то, земјите членки треба да го вградат во своите устави или во законите коишто имаат устовна моќ. Доколку дојде до прекршување на договорените правила, според договорот, би следеле казни.Медиумите претходно известија за детали од нацрт договорот. Така, како репер за стапувањето на сила на одредбите од фискалниот пакт е одредена 2013 година. Покрај тоа, со проектот се претпоставува дека земјите потписнички ќе можат да го нарушат буџетот без санкции при услови на длабока рецесија во еврозоната или во ЕУ. Исто така, медиумите објавија дека догворот ќе стапи на сила откако ќе го ратификуваат владите не на сите 17 земји од еврозоната, туку на само 12. Претходно, меѓународната рејтинг агенција Standard&Poor’s го намали кредитниот рејтингот на девет земји од еврозоната, вклучувајќи ги Франција, Италија, Шпанија и Португалија, нагласувајќи дека пактот за буџетската стабилност нема да помогнат за стабилноста на земјите од еврозоната целосно да се надмине должничката криза. Според експертите на Агенцијата, акцентот на скусувањето на буџетските расходи на земјите од еврозоната, особено, може да доведе до значителен пад на потрошувачите, што од своја страна ќе ја поткопа даночната основа во регионот./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

