Економија
Саркози смета дека договорот за долговите на Грција ќе се реши за неколку дена
Францускиот претседател Николас Саркози на самитот во Брисел изјави дека преговорите за реструктуирање на долгот на Грција од страна на приватните кредитори се движат во вистинската насока и оти наскоро ќе бидат завршени успешно, пренесува AFP.
Францускиот претседател Николас Саркози на самитот во Брисел изјави дека преговорите за реструктуирање на долгот на Грција од страна на приватните кредитори се движат во вистинската насока и оти наскоро ќе бидат завршени успешно, пренесува AFP. „Преговорите се движат во вистинската насока. Ние се надеваме дека конечниот договор ќе биде склучен во следните неколку дена“, изјавил претседателот на Франција на прес-конференција во понеделникот навечер по завршувањето на самитот на Европската унија во Брисел. Саркози, исто така, истакнал дека ЕУ нема намера да ја стави Атина под директен буџетски надзор, како што претходно викендов бараше Германија. „Не може да стане збор за тоа да се примени овој метод, Тоа не е рационално, не е демократски и не е ефикасно“, дополнил Саркози. Грција во обид да го избегн ехаотичниот банкрот води преговори со приватните кредитори за отпишување на долгот од околу 100 милијарди евра, како и со претставниците на ткн „тројка” на меѓународните кредитори (Европска комисија, Европската централна банка и ММФ) за нов пакет помош во обем од 130 милијарди евра во замена за строга фискална програма. ЕУ им препорача на приватните банки да отпишат 50 отсто од номиналната вредност на грчките државни обврзници што ги имаат во своите портфељи, а ефективниот износ на отпишаните долгови може да достигне достигне 70 отсто, имајќи го предвид намалувањето на новиот принос по обврзниците. Грција и ЕУ побараа од приватните кредитори умерен апетит, не само за номиналата на новите кредити во замена за старите, туку и приносот да биде намален под годишна стапка од 4 отсто. Имајќи го предвид намалувањето на процентот приносите на новите обврзници со пониската номинална вредност, реалниот износ на отпишаниот долг би можел да достигне 70 отсто, наместо првично планираните 50 проценти Претставници на Институтот за меѓународни финансии (IIF ), којшто ги претставува приватните кредитори, изјавија дека очекуваат договорот со Грција за преструктуирање на долгот на земјата да биде постигнат оваа седмица. Во меѓувреме, како што јави Reuters повикувајќи се на извор во грчката влада, Атина планира да им достави официјален предлог на приватните кредитори не подоцна од 13-ти февруари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

