Економија
С&P може да ги намали рејтинзите на членките на Г20
Рејтинг агенцијата Standard&Poor’s предупреди дека за три години може да ги намали кредитните рејтинзи на некои земји од групата Г-20, доколку не спроведат реформи за да го спречат остриот скок на трошоците за здравствена заштита и другите расходи поврзани со стареењето на населението.
Рејтинг агенцијата Standard&Poor’s предупреди дека за три години може да ги намали кредитните рејтинзи на некои земји од групата Г-20, доколку не спроведат реформи за да го спречат остриот скок на трошоците за здравствена заштита и другите расходи поврзани со стареењето на населението.Најголемите вложувања на јавните финансии во следните четири децении поради притисокот на зголемувањето на бројот старо население врз системите на здравствено и пензиско осигурување, агенцијата очекува во развиените европски земји, но и во Јапонија и во САД. Групата Г-20 ги опфаќа дваесетте најразвиени земји и економиите во развој. „Постојаниот раст на трошоците на здравствената нега тешко ќе ги оптовари јавните финансии во следните децении. Доколку владите не ги измената, системите на социјална заштита најверојатно ќе станат неодржливи“, се истакнува во соопштението на S&P, аналитичарот на агенцијата Марко Мрсник, пренесува Reuters.Доколку владите не ги спроведат реформите, намалувањето ан рејтингот поврзано со трошоците за здравствената заштита веројатно ќе започне за три години и на крајот по 2020 година ќе резултира со поголем број земји чиишто државни обврзници ќе бидат прогласени за безвредни, предупредува агенцијата во својот најнов извештај од вторникот. Трошоците за здравствена заштита, веројатно ќе бележат највисоки стапки на раст во развиените земји чии системи за социјална заштита уште сега се на високо ниво, додека нивниот демографски профил нагло се влошува, предупредуваат од Standard&Poor’s.Демографските движења не се единствениот фактор кој ќе ги зголемува трошоците за здравственото осигурување и дури три две третини од нивниот прогнозиран раст може да ги генерираат поскапите технологии и пошироката покриеност на популацијата со здравствени услуги, го цитира агенцијата во својот извештај резултатот од едно истражување спроведено од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).Земјите од групата Г20 не можат да ги разрешат проблемите само со реформа на пензискиот систем, туку мораат да ги реформираат и системите за здравствена заштита, велат од Standard&Poor’s,Како што велат од агенцијата, сé уште не е предоцна земјите од групата Г-20 да почнат да го решаваат проблемот, но реформите со коишто би се сопрел растот на трошоците поврзани со стареењето на популацијата, мора да бидат поврзани со настојувањата до 2016 година да се избалансираат буџетите. Тоа би било доволно да се амортизира влијанието на растот на трошоците за здравствена заштита до 2050 година, сугерираат од Standard&Poor’s./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

