Економија
Заздравување на европските берзански индекси
Европските акции во вторникот зајакнаа потпирајќи се на новите надежи во финансискиот пакт за буџетската дисциплина во еврозоната.
Европските акции во вторникот зајакнаа потпирајќи се на новите надежи во финансискиот пакт за буџетската дисциплина во еврозоната.Индексот на лондонската берза FTSE 100 зајакна за 0,7 отсто на 5.709 поени, индексот на берзата во Франкфурт DAX 30 за 1 отсто на 6.508 поени, а индексот на париската берза CAC 40 беше во плус 1,5 отсто на 3.313 индексни поени.Во понеделникот доцна навечер челниците од еврозоната се договорија за ткн финансиски пакт за построга фискална дисциплина, кој се базира на предлозите на Германија, а Европската централна банка (ECB) го поздрави овој потег.Расположението кај инвеститорите, исто така, го поправи и изјавата на грчкиот премиер Лукас Пападимос кој рече дека преговарачите на грчката влада и приватните сопственици на грчките државни обврзници оствариле „значителен напредок“ во разговорите за реструктирањето на грчкиот државен долг и избегнувањето на долгот. Конечниот договор се очекува до крајот на седмицава, како што најави и францускиот претседател Николас Сакрози.„Иако еврозоната се бори за да ги помири штедењето и растот, се чини дека овој нов пакт ги охрабри инвеститорите“, вели за Reuters Франклинд Пикард, директор во „Barclays France“.Во таквата атмосфера најголемите добитници на пазарите беа акциите во нафтениот сектор, зајакнувајќи заедно со цените на нафтата. Така „British Petroleum“ зајакна за 2,9 отсто, „CGG Veritas“ и „Мaurel et Prom“ за 2,5 отсто.Банките, исто така, добија на вредноста, при што „Societe Generale“ зајакна за 5,6 отсто, „Intesa Sanpaolo“ за 3,5, „BNP Paribas“ за 3,1 а „Commerzbank“ за 2,9 отсто. Растот на вредноста на акациите сепак беше ограничена од тензиите поради португалските должнички проблеми, откако приносите на двегодишните португалски државни обврзници достигнаа рекордно ниво од 21 отсто. Се стравува дека Португалија би можела да стане следната жртва на кризата во еврозоната. „Следното прашање ба хоризонтот е Португалија, којашто би можела да биде следната потенцијална опасност за европската унија“, смета Ребека О’Кифи од компанијата „ Interactive Investitor“.Индексот на токиската берза Nikkei зајакна за 0,1 отсто на 8.802 индексни поени,/крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

