Економија
Очекувањата за брзиот договор за Грција го поддржаа еврото
Еврото во вторникот зајакна во однос на доларот, поддржано од очекувањето за скорешно постигнување договор меѓу Грција и нејзините приватни кредитори, а по добивката повторно се истакна и јенот.
Еврото во вторникот зајакна во однос на доларот, поддржано од очекувањето за скорешно постигнување договор меѓу Грција и нејзините приватни кредитори, а по добивката повторно се истакна и јенот. Еврото е на пат да ја забележи најдобрата месечна изведба од октомври, зајакна во однос на американскиот долар за 0,4 отсто на 1,3184 долари. Накусо во текот на денот достигна и до 1,3213, близу до највисокото ново во последните шест седмици коешто изнесуваше 1,3235 долар, на кое достигна минатата седмица. Во однос, пак, на швајцарскиот франк, еврото ослаби за 0,1 отсто на 1.2042 франка. Доларот изгуби на вредноста во однос на јапонскиот јен забележувајќи кусо време најниско ниво во последните три месеца од 76,175 јени, за потоа да се опорави на 76.36 јени. Со тоа стаса до блага позитива на дневно ниво од 0,1 отсто. Поддршката во вторникот на еврото му ја дадоа изјавата на грчкиот премиер Лукас Пападимос за „значајниот напредок“ во преговорите со приватните кредитори за реструктуирањето на грчкиот државен долг. Целта на овие преговори е да се постигне конечен договор до крајот на седмицава. Добивките на еврото сепак би можеле да бидат ограничени поради јакнењето дека Португалија би можела да го следи патот на Грција и да ги реструктуира своите државни долгови. „Склоноста кон ризикот во моментов раст, но не веруваме дека ќе потрае. Пазарите во кус рок очекуваат договор на Грција со кредиторите во приватниот сектор, и тоа сега има поголемо влијание од Португалија“, вели за Reuters, челник за глобална валутна анализа во „Bank of Tokyo-Mitsubishi“.Покрај американската централна банка Fed која не ја исклучи можноста од натамошни мерки за квантитативно попуштање на монетарната политика, зајакнаа и очекувањата дека Европската централна банка (ECB) кон крајот на февруари би можела во вториот круг понуди на тригодишните кредити за банките да овозможи голема инјекција на ликвидност. Според процените на трговците анкетирани од Reuters, износот на понудените кредити би можел да достигне 325 милијарди евра. Аналитичарите сметаат дека договорот на Грција со кредиторите со кој би се спречил нејзиниот хаотичен банкрот може краткорочно да го подобри расположението на инвеститорите во однос на еврото, но предупредуваат на песимизмот кај вложувачите во среднорочната перспектива поради ризикот од ширењето на кризата на поголемите економии во еврозоната. Доларот, пак, продолжува да ниже загуби во однос на јапонскиот јен, накусо спуштајќи се на најниското ниво во последните три месеца, поради притисокот на кој беше изложен минатата седмица откако Fed најави дека каматните стапки ќе ги задржи на рекордно ниското ниво барем до втората половина од 2014 година.Јапонскиот министер за финансии, Јун Азуми во таквите околности се закани со решителни мерки со цел да се сопрат променливостите и спекулативните движења на пазарите на валутите, поради спречувањето на натамошниот залет на јенот./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

