Економија
Нафтените пазари чекаат на сигналите на ЕЦБ за јакнење на ликвидноста во еврозоната
Цените на нафтата во четвртокот на меѓународните пазари се зголемија поттикнати од загриженоста за снабдувањето а поддршка добија о од очекувањата дека Европската централна банка ќе ја зајакне ликвидноста во еврозоната за да го поддржи економскиот раст.
Цените на нафтата во четвртокот на меѓународните пазари се зголемија поттикнати од загриженоста за снабдувањето а поддршка добија о од очекувањата дека Европската централна банка ќе ја зајакне ликвидноста во еврозоната за да го поддржи економскиот раст. Цената на барел сирова нафта на лондонскиот пазар се зголеми за 61 цент на 117,81 долар. На американскиот пазар, пак цената на барелот сирова нафта поскапи за 52 цента на 99,23 долари.Организацијата на земјите извознички на нафта OPEC во четвртокот објави дека цената на барел од нејзината референтна кошница нафта во средата изнесувала 115,18 долари, што значи дека за 50 центи бил поскап отколку во вторникот.Во меѓувреме OPEC во четвртокот во редовниот месечен извештај ја намали прогнозата за растот на побарувачката на нафта во светот во 2012 година за 120 илјади барели дневно, на 940 илјади барели нафта дневно. Според прогнозите на овој нафтен картел, годинава растот на побарувачката ќе оди побавно отколку што досега се очекуваше подари должничката криза во еврозоната и високите малопродажни цени. Пазарите во четвртокот беа поддржани од загриженоста за снабдувањето со енергентот, имајќи ја предвид продолжената напнатост на блискиот исток, особено во врска со Сирија и Иран.„Важно е да се укаже дека цените ги поддржуваат тензиите во врска со снабдувањето, чиешто, пак, влијание врз реалното производство засега е главно придушен“, смета Андреј Кријчеников од „VTB Capital“ во анкетата на Reuters.Вниманието сега е свртеноно кон Европската централна банка (ECB) којашто во четвртокот како што се очекуваше ги задржа каматните стапки во еврозоната на 1,0 отсто. Инвеститорите сега очекуваат сигнали за новите инјекции за ликвидност на европскиот банкарски сектор. „Монетарниот вишок на ликвидноста ги ублажува финансиските потешкотии во европскиот банкарски сектор, па годинава нема да имаме банкарска криза, а се намалуваат и приносите на италијанските и на шпанските државни обврзници. Тоа на шпекулативниот капитал му ја олеснува купувачката на договорите за испораките на нафтата“, смета аналитичарот на „DnB NOR“, Торбјорн Кјус../крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

