Економија
Ејпл ќе ги унифицира своите лаптопи до крајот на 2012-та
Компанијата Apple е текот на годинава ќе ја унифицира својата палета преносни компјутери, оставајќи само една опција за дизајнот, која веќе се користи во компактната ноутбук серија MacBook Air, објави интернет страницата AppleInsider цитирајќи информирани извори од компанијата
Компанијата Apple е текот на годинава ќе ја унифицира својата палета преносни компјутери, оставајќи само една опција за дизајнот, која веќе се користи во компактната ноутбук серија MacBook Air, објави интернет страницата AppleInsider цитирајќи информирани извори од компанијата Во моментов Apple развива две линии преносни компјутери. Првата, MacBook Pro е наменета за корисници кои имаат потреба од моќен компјутер со голем екран, апаратот е опремен за користење компакт-дискови и обемен хард диск. Втората, MacBook Air, вклучува компактен и лесен уред со екран со дијагонала од 11 или 13 инчи. Овие компјутери се инфериорни во однос на моќта на MacBook Pro и немаат оптички драјвери, но дури и во основните конфигурации се опремени со брзи хардови базирани на флеш меморија.Неофицијалните информации во врска со подготовката на 15-инчен MacBook Air не се јавуват првпат. Сепак, според AppleInsider, овој компјутер не е само дополнување на спектарот од компјутери на Apple, туку сосема ќе го замени ноутбукот MacBook Pro со дисплеј со слична дијагонала.Потоа, истото ќе се случи и со 17-инчен модел MacBook Pro. чиешто место ќе го заземе – потенкиот аналог кому недостига оптички драјвер и користи флеш меморија наместо хард диск.Компанијата Apple плански го отткажуваше користењето оптички драјвери, и сега во продуктната линија на компанијата има два компјутери – лап-топ MacBook Air и компактен десктоп Mac mini коишто ја немаат оваа компонента. Според позицијата на компанијата, за софтверската дистрибуција и содржината на интернет услугите тие се вклопуваат подобро отколку физичките медиуми. Во почетокот на 2011 година компанијата ја лансираше онлајн продавницата за апликацииа Mac App Store, која го користи истиот модел како и продавницата за мобилни апликации App Store. Шест месеци по отворањето Mac App Store сервисот стана најпопуларниот дистрибутивен канал за програми за компјутерите Mac во САД./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

