Економија
Намален бројот на туристи во декември

Бројот на туристите во декември 2011 година во Македонија изнесува 32 867, што претставува намалување за 4,4 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во декември 2011 година во Македонија изнесува 32 867, што претставува намалување за 4,4 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.Според официјалните податоци, во декември биле регистрирани 62.948 ноќевања, што претставува намалување за два отсто во споредба со истиот месец претходната година.Драстично намалување во декември се забележан кај домашните туристи, кои за 16,5 отсто биле во помал број во споредба со претходната година, додека, пак, бројот на странски туристи се зголемил за 10,4 отсто.Токму благодарение на странските туристи, вкупниот број на туристи во Македонија на ниво на цела 2011 година бележи зголемување за 10,5 отсто. Вкупниот број на странски туристи кои лани ја посетиле Македонија за зголемил за четвртина, додека бројот на домашни туристи бележи благ пад од 1,4 отсто. Во периодот јануари-декември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 7,6 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за три отсто, а кај странските има зголемување за 35,1 отсто. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.