Економија
Државата го зголемува уделот во ОХИС

Дел од побарувањата што македонската влада ги има во ОХИС ќе бидат претворени во влогови, со што државата ќе го зголеми својот удел во Органско Хемиската Индустрија.
Дел од побарувањата што македонската влада ги има во ОХИС ќе бидат претворени во влогови, со што државата ќе го зголеми својот удел во Органско Хемиската Индустрија.За таа цел, Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска соопшти дека му дала дозвола на ОХИС издаде 74.907 обични акции во вредност од 3.829.920 евра.Акциите од третата емисија се обични и се издаваат по продажна цена која е еднаква на нивната номинална вредност.
Емисијата по пат на приватна понуда се врши на тој начин што Република Македонија ги презема акциите од новата емисија, а побарувањата по основ на позајмици и финансиска помош што ги има ОХИС ги претвора во влогови во друштвото, односно со внесување на непарични влогови.
На овој начин ќе се намали долгот кој ОХИС го има кон државата по основ на позајмици и финансиска помош. Владата во неколку наврати се обиде да го продаде хемискиот гигант, но меѓународните тендери што ги распишуваше ресорното министерство за економија останаа безуспешни.
Истовремено КХВ му дозволи на Акционерското друштво за осигурување Винер Лајф Виена Иншуренс Груп Скопје да издаде 3.000 обични акции со вкупен износ на емисијата од 300.000 евра.
Втората емисија на акции се врши по пат на зголемување на основната главнина со парични влогови, а е наменета за институционалниот инвеститор – единствениот акционер Vienna Insurance Group AG Wiener Versicherung Gruppe. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.