Економија
Димовски ги повика руските инвеститори да влезат во македонското земјоделство

Mакедонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој престојува во посета на Москва, ги повика руските компании да инвестираат во Република Македонија.
Mакедонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој престојува во посета на Москва, ги повика руските компании да инвестираат во Република Македонија.Димовски денеска оствари средба со рускиот заменик министер за регионален развој Максим Травников, кого го информирал за создадените поволни услови за компаниите кои ќе решат да инвестираат во македонскиот земјоделско-прехранбен сектор. „Отворени сме за инвестирање во изградба на фабрики, ладилници, капацитети за преработка и сушење на овошје и зеленчук, за производство на млеко во прав и слично. Ги повикувам руските компании да отворат дистрибутивни центри за македонски производи во Руската Федерација“, истакна Димовски.Министерот Димовски го информирал Травников дека заинтересираните компании за инвестирање во македонскиот земјоделски сектор имаат можност да добијат и државно земјоделско земјиште, а со цел обезбедување на поволни услови за стопанисување, подготвени се и голем број даночни олеснувања и можност за брзо регистрирање на компанија. Констатирајќи дека во изминатите месеци евидентиран е зголемен увоз на земјоделски производи од Македонија, Травников рече дека таквиот позитивен тренд се должи на засилени активности за промоција на македонските производи на рускиот пазар. „Очекувам дека ваквиот позитивен тренд во трговијата и развојот на економските односи меѓу нашите држави да продолжи и во иднина“, изјави Травников, кој е и копретседател на Меѓувладината руско-македонска комисија. Министерот Димовски за време на дводневната посета на Москва ќе го посети Саемот за прехранбени производи, вино и суровини ПРОДЕКСПО 2012, а ќе одржи средба и со својата руска колешка Елена Скриник. Тема на состанокот ќе биде продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Руската Федерација во земјоделско-прехранбениот сектор, со цел зголемување на застапеноста на македонските производи на рускиот пазар. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.