Контакт

Економија

Акциите на Тетекс АД Тетово со најголем пад

Објавено пред

На Македонска берза за хартии од вредност, беше остварен промет во износ од 8.991.284,77 денари. Од овој промет 8.717.716,77 денари беа реализирани на Официјалниот пазар за хартии од вредност, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 273.568,00 денари.

dobivaj vesti na viber

На Македонска берза за хартии од вредност, беше остварен промет во износ од 8.991.284,77 денари. Од овој промет 8.717.716,77 денари беа реализирани на Официјалниот пазар за хартии од вредност, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 273.568,00 денари.Индексот МБИ10  денес се зголеми за 0,88 % и изнесуваше 2.059,33 поени. МБИД  се зголеми за 0,07 % и изнесуваше 1.989,48 поени, а ОМБ   остана исто како и тргувањето од претходниот ден и изнесуваше 120,69 поени.На Официјалниот пазар  најголем промет беше остварен со акциите на Комерцијална банка АД Скопје  во износ од 4.128.624,00 денари по просечна цена 3.099,57 денари. Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Алкалоид АД Скопје  со која беше остварен 1.578.218,00 денари промет по просечна цена од 4.067,57 денари.Трета беше акцијата на Топлификација АД Скопје со остварени 1.110.640,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 2.216,85 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М осма емисија . Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 91,50 % и беа остварени 91.499,68 денари. На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Македонски Телеком АД Скопје со која беше остварен промет во износ од 210.568,00 денари, по просечна цена од 511,09 денари. Пет најтргувани хартии од вредност1.Комерцијална банка АД Скопје2.Алкалоид АД Скопје3.Топлификација АД Скопје4.Тетекс АД Тетово5.Македонијатурист АД Скопје Хартии од вредност со најголем раст1.Макстил АД Скопје 1,85 %2.Комерцијална банка АД Скопје 1,66 %3.Макпетрол АД Скопје 1,03 %4.Алкалоид АД Скопје 0,91 %5.Македонски Телеком АД Скопје 0,61 %Хартии од вредност со најголем пад1.Тетекс АД Тетово 2,16 %2.Македонијатурист АД Скопје 0,87 %3.ТТК Банка АД Скопје 0,60 %4.Гранит АД Скопје 0,05 %



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Претседавачот на ЕБА: Комбинацијата на мерки на Народната банка и останатите централни банки вродија со плод

Објавено пред

Комбинацијата од монетарното затегнување и макропрудентните мерки, која Народната банка, како и останатите централни банки ја применија, е неопходна како одговор на инфлациските притисоци со кои во последно време се соочуваме, посочи во интервју за “Независен”, Хозе Мануел Кампа, претседавач на Европскиот банкарски одбор-ЕБА.

dobivaj vesti na viber

Претседавачот Кампа истакнува дека централните банки ширум светот, вклучително и во ЕУ, го усвоија овој двоен пристап за да обезбедат финансиска стабилност. “Преку покачувањето на каматните стапки, централните банки директно се соочуваат со инфлацијата, додека макропрудентните мерки, како што е зголемувањето на капиталните побарувања или стрес-тестирањето, им помагаат на банките да останат отпорни во соочувањето со економските шокови”, вели Кампа и нагласува дека треба да се постави рамнотежа помеѓу одржувањето на ценовната стабилност и гаранциите дека банкарскиот сектор може соодветно да ги поддржи нашите економии. “Макропрудентните мерки се гаранција дека банките имаат доволно капитал да ги апсорбираат загубите од нефункционалните кредити и да го одржат кредитниот тек, кој што е клучен за економското закрепнување”, вели Кампа.

Претседавачот на ЕБА истакнува дека воведените мерки вродија со плод бидејќи видовме пад на инфлацијата под таргетот од 2% во ЕУ. “Иако ова е позитивен знак, сепак мора да останеме внимателни. ЕБА продолжува тесно да соработува со централните банки и државните органи за да го процени влијанието на овие мерки и да се осигура дека банкарскиот сектор останува истовремено отпорен и способен да ја поддржи пошироката економија”, посочува Кампа.

Европскиот банкарски одбор (ЕБА – European banking authority), е независен орган на ЕУ чија улога е заштита на интегритетот и робусноста на банкарскиот сектор на ЕУ за поддршка на финансиската стабилност во ЕУ. Претседавачот на ЕБА, Хозе Мануел Кампа, беше учесник на Десеттата меѓународна конференција на Народната банка, која како централна тема ја имаше работата на централните банки во сегашниот предизвикувачки амбиент.

Прикажи повеќе...

Економија

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Објавено пред

Како резултат на заедничкиот проект на експерти од Народната банка и од Чешката централна банка, изготвен е работен материјал, под наслов „Преглед на новиот калибриран модел ДСГЕ за економијата на Северна Македонија“, од авторите Тибор Хледик, Јоана Маџоска, Мите Митески и Јан Влчек, којшто беше објавен во реномираната серија работни материјали на ММФ. Изготвувањето на трудот е во рамките на проект за техничка соработка со експерти од ММФ и од Чешката народна банка, чијашто цел беше изградба на нов динамички стохастички модел на општа рамнотежа (ДГСЕ) за македонската економија. Ова претставува прв труд од нашата институција којшто се објавува како работен материјал на ММФ, со што се дава важен придонес во афирмирањето на Народната банка во меѓународни рамки и во јакнењето на нејзината аналитичка инфраструктура, доближувајќи ја до стандардите на централните банки од развиените економии.

dobivaj vesti na viber

Работниот материјал нуди детална анализа на меѓусебните поврзаности на секторите во македонската економија со примена на софистицираниот модел ДСГЕ, којшто беше приспособен соодветно за да ги опфати нејзините карактеристики, а добиените резултати ја нагласуваат неговата корисност како алатка за обликување на монетарната политика на Народната банка засновано на информации.

Овој објавен труд не само што ја истакнува работата и посветеноста на нашиот кадар, туку ја подвлекува и улогата на нашата институција како водечка во придонесот кон истражувањата од економската област во нашата држава.

Прикажи повеќе...

Економија

Цените на бензините и на дизелот остануваат непроменети

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 7.10.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 11.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,034 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,254 ден/кг и сега ќе изнесува 44,034 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,37%, кај дизелот зголемувањето е за 3,192%, кај екстра лесното масло исто има зголемувањето од 3,675% и кај мазутот зголемувањето за 3,034%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,8091%.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

В понеделник ќе продолжи судењето за убиството на Вања и Панче

Велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во...

Македонија2 часа

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца...

Македонија6 часа

(Видео) Наставниците и професорите ќе добијат покачување на платите за 5 отсто

Наставниците и професорите од основното и средното образование, ќе добијат покачување на платите за 5 проценти, почнувајќи од октомвриската плата....

Македонија7 часа

МВР предупредува на измами со лажни профили: Внимавајте каде ги користите платежните картички

МВР информира дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на...

Македонија8 часа

Aхмети му се пожали на бугарскиот амбасадор: Албанците избрани од ВМРО ДПМНЕ се откажаа од Европа

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Бугарија во Скопје, Жељазко...

Македонија8 часа

„Вреди“ подготвува нов закон за правична застапеност, но не само за етничките заединици, туку и за маргинализираните групи

Коалицијата „Вреди“ подготвува закон за правична застапеност, кој ќе биде предмет на јавна дебата следната недела, најави министерот за здравство,...

Македонија10 часа

Општина Центар обезбедува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои биле жртви на насилство или друга злоупотреба

Општина Центар во соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Претходната власт испланирала буџет за половина година, а сега наместо раст Владата враќа нивни долгови

Владата на СДС и ДУИ целосно ги промашила проценките за економијата и сега наместо раст Владата враќа нивни долгови, велат...

Свет12 часа

Американски војник (24) осуден на 14 години за обид да и помогне на Исламска држава

Припадник на американската армија е осуден на 14 години затвор поради обид да и помогне на Исламска држава во извршувањето...

Свет12 часа

Италија, Франција и Шпанија до Израел: Бесни сме

Соединетите Држави и европските земји го повикаа Израел да ја гарантира безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица војници на...

Топ1 ден

Уапсен скопјанец во паркот „Бранители“ во Драчево, ги оштетувал иконите кај крстот

Денеска околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го...

Македонија1 ден

(Видео) „ВРЕДИ нема знаење и храброст да направат повеќе за учениците и студентите Албанци“, велат од ДУИ

Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес-конференција ја презентира „долгата листа на неуспеси на владината коалиција во образовниот сектор“. „Овде...

Топ1 ден

(Фото) Апсење во Скопје: пронајдена дрога, приведени тројца дилери

Вчера во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје...

Регион1 ден

(Видео) Ураганот Кирк денеска ќе зафати дел од Балканот: направи хаос во Шпанија и Португалија

Дел од Балканот, поточно Бугарија, денеска ќе биде зафатен од ураганот Кирк, кој вчера предизвика хаос во Европа. Ураганот Кирк...

Македонија1 ден

Започнаа увидни дејствија во опожарена зграда во Чаир

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје...

Свет1 ден

(Видео) Воздушните снимки го откриваат вистинскиот размер на катастрофата во Флорида: ураганот Милтон остави пустош

Најмалку 16 лица загинаа кога ураганот Милтон ја погоди Флорида, предизвикувајќи поплави, силни ветрови и торнада, потврдија официјални лица за...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Демир Капија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија1 ден

Балансерот е минато, етничката припадност не смее да биде критериум за вработување, велат од Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Уставниот суд да го укине т.н. Балансер, алатката за вработување според етничка припадност, со...

Европа1 ден

(Фото) Литванија постави „змејски заби“ на границата со Русија

Литванија постави противтенковски бариери познати како „змејски заби“ на мостовите што ја поврзуваат земјата со Русија. Министерството за одбрана соопшти...

Македонија1 ден

Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври, Денот на народното востание. „Дозволете ми од мое лично...