Економија
Вол Стрит нема сила за натамошен раст

Цените на акциите на Вол Стрит останаа речиси непроменети, бидејќи веста за новата помош на Грција беше очекувана, а инвеститорите ги загрижува високата цена на нафтата, што може да се одрази врз добивката на компаниите.
Цените на акциите на Вол Стрит останаа речиси непроменети, бидејќи веста за новата помош на Грција беше очекувана, а инвеститорите ги загрижува високата цена на нафтата, што може да се одрази врз добивката на компаниите.Dow Jones зајакна за 15 индексни поени, или за 0,12 отсто на 12.965 поени, S&P 500 оствари раст од 0,07 отсто на 1.362 поени, додека Nasdaq падна за 0,11 отсто, на 2.948 поени.Вчерашната одлукана министрите за финансии за одобрување на нов пакет помош на грција од 130 милијарди евра не влијаеше значително на берзата, бидејќи таквиот епилог веќе беше вкалкулиран во цените на акциите, оценуваат аналитичарите.Сепак, во еден момент Dow Jones ја проби психолошката граница од 13.000 поени, што последен пат беше забележано во мај 2008 година, кога невработеноста во САД изнесуваше 5,4 отсто, а Lehman Brothers сеуште беше солвентна инвестициска банка. Набргу потоа Dow Jones повторно се спушти под границата, бидејќи нема вести кои би го поддржале натамошниот раст.„И покрај вестите за Грција, може да се очекува помал продажен притисок со оглед на силниот раст на акциите во изминатите месеци“, вели еден аналитичар.Од почетокот на годината Dow Jones порасна за шест, а S&P 500 за над осум отсто, што се должеше на добрите американски макроекономски показатели и надежта за надминување на европската должничка криза. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.