Економија
Значително зголемена загубата на Дојче Телеком во четвртиот квартал
Германскиот телекомуникациски гигант Deutsche Telekom го заврши последниот квартал од изминатата година со нето загуба од 1,34 милијарди евра, поради отписите во САД и во Грција.
Германскиот телекомуникациски гигант Deutsche Telekom го заврши последниот квартал од изминатата година со нето загуба од 1,34 милијарди евра, поради отписите во САД и во Грција. Со тоа загубата на германската телекомуникациска компанија е за повеќе од двојно зголемена во однос на истиот период од 201 година, кога изнесувал 514 милиони долaри.„На неприлагодената нето добивка негативно влијаеше отписот на гудвилите во САД, како и отписот на гудвилот и имот, фабрики и опрема во југоисточна Европа, во прв ред во Грција, во износ од околу 3,3 милијарди евра“, се наведува во соопштението на Deutsche Telekom, што го цитира Hina.Готовинскиот надомест за американската компанија AT&T во износ од 2,3 милијарди евра за пропадната аквизација на американскиот огранок на Deutsche Telekom во трансакцијата чијашто вредност требаше да изнесува 39 милијарди американски долари не успеа да ги надомести негативните влијанија на овие трошоци, истакнуваат од компанијата. Трансакцијата пропадна поради приговорот на американското министерство за финансии дека таа би можела негативно да влијае врз конкуренцијата на пазарот. Нето приходите се намалени во последниот минатогодишен квартал за 3,7 отсто на 14,911 милијарди евра. Од тоа на матичниот пазар на Deutsche Telekom во Германија отпаѓа 6,623 милијарди евра, 52, отсто помалку отколку во истиот период од 201 година, а на странските пазари, меѓу кои е и Македонија, отпаѓаат 8,288 милијарди евра, што е за 2,4 отсто помалку отколку во последните три месеца од 2010 година.Во целата мината година нето добивката на Deutsche Telekom изнесувала 557 милиони евра, намалувајќи се за 67,1 во однос на 2010 година. Приходите се намалени за 6 отсто и изнесувале 58,653 милијарди евра.Во Deutsche Telekom за 2011 година одлучиле да исплатата иста дивиденда како и за претходната година, во износ од 70 центи по акција. „Во 2011 година компанијата работеше во атмосфера којашто во секој поглед беше предизвикувачка, и тоа нема да се промени ниту во оваа година“, заклучува извршниот директор на За тековната 2012 година се очекува на Deutsche Telekom, Рене Оберман./крај/хи/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

