Економија
Нов обид за подобрување патната инфраструктура

Македонија планира во иднина да изврши подобрување на неколку патни правци во државата, при што одредени делници ќе се издаваат под концесија, а за една делница ќе се задолжува во меѓународни финансиски институции.
Македонија планира во иднина да изврши подобрување на неколку патни правци во државата, при што одредени делници ќе се издаваат под концесија, а за една делница ќе се задолжува во меѓународни финансиски институции.Претходниот обид за издавање на делниците, кои се дел од Коридорот 8, под концесија, со што обврската на концесионерот беше да изгради автопат, завршија неуспешно, бидејќи официјална понуда не пристигна и покрај тоа што првично дури 48 компании пројавија интерес за тендерот распишан од Министерството за транспорт и врски.Ресорниот министер Миле Јанакиески информираше дека економскиот совет при владата денеска ги разгледа можните варијанти за понатамошна изградба на патните правци кои беа дел од концесиите, при што се определиле приоритетите.„Во однос на патниот правец Гостивар-Кичево беше заклучено повторно да се оди со концесија, бидејќи согласно френкфенцијата на сообраќајот се смета дека ова делница е најповолна“, рече Јанакиевски.Тој информираше дека на патниот правец Кичево-Гостивар во блиска иднина нема да се гради автопат, туку истиот ќе се реконструира и ќе биде проширен во најголемиот дел за уште една дополнителна лента.„За патниот правец Скопје-Блаце одлучено е да се стапи во контакт со косовските власти и заеднички да се настапи пред меѓународните институции, пред се за давање под концесија, но доколку не успее концесијата, да се оди за обезбедување на средства“, рече Јанакиевски.Идентично како и кај делницата Кичево-Охрид, одлучено е да се постапи и за делницата Куманово-Деве Баир, која ќе се проширува и реконструира.„Одлучено е за патниот правец Миладиновци-Штип-Свети Николе да се оди со задолжување кај меѓународните финансиски институции“, рече Јанакиески.Тој додаде дека согласно проектната програма, изградбата на посочениот патен правец чини 250 милиони евра и изрази надеж дека парите ќе бидат обезбедени преку Европската банка за обнова и развој.Министерот за транспорт и врски истакна дека со тек на време јавноста ќе биде информирана за тоа како напредува процесот околу обезбедувањето на средства за наведените за планираното подобрување на патната инфраструктура. Предвидено е задолжувањето кај ЕБРД да не биде одеднаш, туку да се одвива етапно, односно по потребите што ќе ги диктира изградбата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.