Економија
С&П може да го намали рејтингот на ЕСФС

Меѓународната рејтинг агенција Standard & Poor’s ја намали прогнозата за долгорочниот рејтинг на Европскиот фонд за финансиска стабилност (ESFS) до „негативна“ перспектива, потврдувајќи го нивото од „АА +“.
Меѓународната рејтинг агенција Standard & Poor’s ја намали прогнозата за долгорочниот рејтинг на Европскиот фонд за финансиска стабилност (ESFS) до „негативна“ перспектива, потврдувајќи го нивото од „АА +“.Од друга страна, Standard & Poor’s краткорочниот кредитен рејтинг на ЕSFS го потврди на ниво од „А-1+“.Во моментов преку EFSF се врши финансирањето на помошта за Ирска и Португалија, двете членки од еврозоната коишто имаат проблеми со должничката криза.Фондот е привремен механизам, а од летото на 2012 година истовремено ќе функционира со постојаниот Механизам за финансиска стабилност (МSF).Минатата седмица, претседателот на Фондот, Клаус Реглинг изјави дека EFSF ќе ја финансира програмата за вториот пакет меѓународна финансиска помош за Грција, наместо државите членки на еврозоната.Агенцијата забележува дека рејтингот EFSF директно зависи од кредитните рејтинзи на земјите коишто се гаранти на Фондот..„Без подобрување на квалитетот на кредитоспособноста ние можеме да го намалиме рејтингот на EFSF, доколку кредитниот рејтинг на најмалку една од земјите гаранти на Фондот со рејтинг од ’ААА’ или ’АА + ’(Германија, Франција, Холандија, Австрија, Финска и Луксембург) се спушти под нивото ’ АА +’“, се наведува во соопштението на агенцијата./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.