Економија
Австрија презема удел во паднатата „Фолксбанк“

Австриската влада ќе ја преземе контролата врз паднатиот кредитор „Volksbank“, а парите за купување на уделот ќе го собере со подигнување на специјален данок за банки, соопшти тамошното министерство за финансии, пренесува Reuters.
Австриската влада ќе ја преземе контролата врз паднатиот кредитор „Volksbank“, а парите за купување на уделот ќе го собере со подигнување на специјален данок за банки, соопшти тамошното министерство за финансии, пренесува Reuters.Банката „Volksbank“ во понеделникот објави дела министерството за финансии на Австрија се одлучило на овој потег по разговорите со акционерите од групацијата OeVAG, австриската банка „Raiffeisen“, германската банка „DZ“ и осигурителната компанија „Erg“.Банката ќе биде стабилизирана со финансиска инјекција од 480 милиони евра, од кој владата ќе обезбеди 250 милиони евра. Од министерството за финансии соопштија дека владата има намера да ги собере средствата преку посебен данок на банките. Австриската агенција APA, соопшти дека властите до 2017 година ќе го зголемат данокот на банки за 25 отсто. „Нема да бидат дополнително оптоварени даночните обврзници“, нагласи помошникот министер за финансии на Австрија, Андреас Шејдер. Запрашан дали 750-те милиони евра приход од овој данок ќе бидат доволни, тој одговорил дека „ќе бидат и мора да бидат доволни“.Австриската држава помошта на „Volksbank“ ќе ја чини повеќе од милијарда евра преку отписи, инјектирање свеж капитал и гаранции. Уште во 2009 година Австрија во оваа банка внесе милијарда евра капитал без управувачки права. Сега ќе отпише 700 милиони евра, ќе инјектира дополнителни 250 милиони евра и ќе додаде уште 100 милиони евра гаранции, со што вкупната помош надминуваа веќе милијарда евра. Банката не и’ ја враќаше на државата навремено помошта, па владата сега има опција да претвори дел од тие средства во акционерски удел. По најновата инјекција на капитал, австриската држава ќе има 49-процентен удел во „Волксбанк“, но според европските прописи ќе мора да се повлече од сопственичката структура најдоцна до 2017 година. Нагласи австриската министерка за финанси, Марија Фектер. Агенциите за кредитни рејтинзи го издвоија релативно високиот австриски финансиски сектор како фактор на ризикот за рејтингот на државата. Така Standard&Poor’s уште во јануари го намали австрискиот рејтинг на ниво „АА+“, а Moody’sпредупреди дека наскоро може да го стори истото./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.