Економија
Најавени учесниците на Балкански Инвестициски Форум

Списокот на еминетните странски инвеститори кои ќе земат учество на Балкански Инвестициски Форум, што ќе се одржи на 18ти и 19ти април во Скопје, беше официјално промовиран денеска.
Списокот на еминетните странски инвеститори кои ќе земат учество на Балкански Инвестициски Форум, што ќе се одржи на 18ти и 19ти април во Скопје, беше официјално промовиран денеска.Настанот ќе се организира под покровителство на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а како партнери организатори и учесници се јавуваат Висар Фида – Директор на Invest in Macedonia, Александар Тасев – Директор на непрофитната фондација Балкан Анлимитед, Мајкл Голд – Директор на Кримсон Капитал и Братислав Станковиќ – Советник на кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Како странски инвеститори на настанот ќе се појават: Jure Mikuz – Managing Director and Partner, RSG Capital, Ivica Cerina, Ph.D. – Partner of NGN Capital, Suresh Patel – General Partner, Verdexus Inc, Peter Barta – Executive Director, Post Privatization Foundation, Hubert Cottogni – Head of the Regional Business Development team for the European Investment Fund, Marius Ghenea – Board Director of Venture Connect, Yannis Tsakiris – Head of Region at European Investment Fund, Mirna Marovic – Lecturer at Zagreb School of Economics and Management, President at Croatian Private Equity & Venture Capital Association, Michael Gold – Managing Director, Crimson Capital Corp, Zoran Martinovski – Country Manager at IFC-International Finance Corporation, World Bank Group, Josko Bobanovic- Green Chemistry and Bioenergy Partner, Sofinnova, Marco Magnarossa – CEO, Cubit, Georgios Gatos – Investment Analyst at THERMI VENTURES, Advisor at Openfund, Coordinator of the Innovation and Entrepreneurship Unit at International Hellenic University, Oliver Holle – founder of Speedinvest, James Digby – Co-Founder at Rockstart Accelerator,EU Facilitator at Startup Weekend, Haritakis Nikolaos, Ph.D. – CEO at TANEO S.A., Klaus Konrad – Investment Manager, Intel Capital. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.
Економија
Објавен јавен повик за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство

Денеска е објавен Јавниот повик 08/2025 за доставување на барање за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2025 година.
Поддршката е наменета за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство, со цел зачувување на руралните подрачја и промовирање на одржливо земјоделство.
Право на поддршка имаат земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Висина на поддршката:
• 100% од исплатената просечна нето-плата во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина еднаква или повисока од 700 метри;
• 60% од исплатената просечна нето-плата во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина пониска од 700 метри.
Услови за доделување:
• 1 вработено лице на 150 овци;
• 1 вработено лице на 100 кози;
• 1 вработено лице на 50 говеда, но не повеќе од 620.000 денари по вработено лице.
Задржување на истиот број вработени најмалку една година по исплатата.
Барањата со потребната документација потребно е да се поднесат најдоцна до 30.07.2025 година.
Економија
Божиновска: Македонија ја гради новата енергетска мапа на Балканот

Македонија влегува во клучна фаза на трансформација на енергетскиот систем, земјата не само што вложува во стабилноста и модернизацијата на сопствената мрежа, туку стана активен играч во регионалното поврзување и енергетската интеграција, изјави министерката за енергетика, Сања Божиновска.
Според неа, со новите интерконектори, стратешките трансформаторски станици и инвестициите во паметна енергетска инфраструктура, државата го поставува курсот кон енергетска независност и улога на регионален енергетски коридор.
Божиновска најави дека во следните денови официјално започнува изградбата на гасниот интерконектор со Грција.
„Интерконекторот е долг 68 километри, ќе пренесува не само природен гас, туку и водород, остварена e заштеда од 12 милиони евра и ќе биде изграден од македонска компанија – директна корист за домашната економија“, рече таа.
Во меѓувреме, додаде Божиновска, Македонија и Србија направија значаен исчекор кон ново енергетско поврзување – минатата недела се потпиша Меморандум за соработка меѓу НОМАГАС и Србијагас за изградба на интерконектор меѓу Клечовце и Врање, со вкупна должина од 70 километри, од кои 23 километри ќе бидат на македонска територија. Во рамки на проектот ќе се изградат и мерни станици од двете страни на границата. Студиите за изводливост и за влијание врз животната средина се веќе во тек, со поддршка од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).
„Преку овие две стратешки поврзувања, Македонија се позиционира како нова транзитна точка за природен гас на релација Југ – Север, односно од ТАП гасоводот и ЛНГ терминалот во Александруполис кон Србија и Средна Европа, со капацитет до 3 милијарди нормални метри кубни годишно. Ова е директна поддршка на енергетската диверзификација на целиот регион, со зголемена употреба на гас од различни извори“, рече таа.
Изградбата на 400/110 kV врската Охрид – Елбасан, пак, ќе го заокружи електроенергетското поврзување на Македонија со сите соседни држави – стратегиски проект за цел регион.
„Ова е новата сила на македонската енергетика. Со регионалните интерконектори, Македонија веќе не е само краен потрошувач – станува активен учесник во преносот и стабилноста на енергетиката во Југоисточна Европа. Ова е патот кон сигурна енергија, економска отпорност и стратешка позиција на енергетската карта на Балканот. Македонија ја гради новата енергетска мапа на Балканот.“, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.