Економија
Телеком Словенија ги намалува инвестициите во Оне

Групацијата Телеком Словенија, во четвртокот објави дека остварила нето добивка од 34 милиони евра во 2011 година, притоа најавувајќи дека ги намалува своите финансиски инвестиции во македонскиот оператор Оне.
Групацијата Телеком Словенија, во четвртокот објави дека остварила нето добивка од 34 милиони евра во 2011 година, притоа најавувајќи дека ги намалува своите финансиски инвестиции во македонскиот оператор Оне.Идентична одлука Телеком Словенија донесе и за албанскиот оператор, а решението се образложува со разликата меѓу книговодствената вредност и повратниот износ на инвестициите којашто изнесува до 6,5 милиони евра.„Врз база на процена од страна на овластен проценител, утврдено е дека повратниот износ на инвестициите во некои од подружниците паднал под нивната книговодствена вредност. Оттука, во согласност со сметководствените стандарди, друштвото ги намалува своите финансиски инвестиции во Оне и Примо комуникации“, стои во соопштението Се истакнува и дека острата конкуренција, регулативата и немилосрдните макроекономски услови покажуваат дека остварувањето на приходи и обезбедувањето на неопходни профити и на електронскиот комуникациски пазар е сè повеќе отежнато за реализација. „Затоа бизнис планот за 2012 година со проекција до 2016 година, Групацијата Телеком Словенија го фокусира на изнаоѓање нови извори на приходи, а краткорочно првенствено на намалување на трошоците“, стои во соопштението. Ефектите од преструктуирањето и започнувањето на реинженеринг на деловните процеси се веќе видливи кај деловните резултати за 2011 година и поради планираните промени, треба да се очекува сличен тренд и во 2012 година, истакнуваат од компанијата.Притоа се истакнува дека во согласност со бизнис планот и стратегијата, Групацијата Телеком Словенија минува низ транзиција од провајдер на инфраструктурни услуги во провајдер на најбараните ИТ и мултимедијални услуги и со забрзан чекор врши преструктуирање од национален телекомуникациски оператор во регионален оператор со битни елементи на регионална корпорација. Групацијата Телеком Словенија оствари приход од работењето од 824,5 милиони евра што е за два процента помал од претходната година. Добивката пред камата и даноци (EBIT) изнесува 63,25 милиони евра, а нето профитот на Групацијата во 2011 година покажа извесно зголемување на над 34 милиони евра. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.