Економија
С&П го намали рејтингот на Нокиа

Меѓународната рејтинг агенција Standard & Poor’s Ratings го намали долгорочниот корпоративен кредитен рејтинг на финската телекомуникацска компанијата „Nokia Oyj“ од „BBB“ на „BBB-“ и краткорочни рејтинг на компанијата од „А-2“ на „А-3“ .
Меѓународната рејтинг агенција Standard & Poor’s Ratings го намали долгорочниот корпоративен кредитен рејтинг на финската телекомуникацска компанијата „Nokia Oyj“ од „BBB“ на „BBB-“ и краткорочни рејтинг на компанијата од „А-2“ на „А-3“ со негативна перспектива за нејзиниот рејтинг, објави во петокот агенцијата на својата интернет страница .„Дејствието за рејтингот ја одразува слабата профитабилност на одделите за производство на паметните телефони и кои произлегуваат од ревизијата на основната оцена за показателот на профитабилноста на компанијата Nokia во целина во 2012 година“, се наведува во соопштението на S&P.Агенцијата смета дека стратешкото партнерство на компанијата со Microsoft би можело да помогне таа да ја подобри конкурентската позиција на одделите за производство на паметни телефони на среден рок.„Негативната прогноза ја одразува веројатноста за намалување на рејтингот на компанијата во наредните две години, во случај на влошување на финансиските перформанси на одделот за уреди и услуги (Devices & Services), додава агенцијата.Кон крајот на јануари финската компанијата објави дека во 2011 година остварила голема загуба, што во најголем дел се должи на лошиот резултат во последниот квартал, поради падот на продажбата на мобилните телефони.За цела 2011 година, Нокиа остварила загуба од 1,2 милијарди евра, додека во претходната година компанијата имала нето добивка од 1,8 милијарди евра.Во четвртото, пак, тромесечје од минатата година, Нокиа имала загуба од 1,07 милијарди евра, додека во последното тромесечје од 2011 година имала добивка од 745 милиони евра.Вкупните приходи на компанијата за целата година изнесувале 38,66 отсто, што е пад за девет отсто, додека во периодот октомври-декември бил остварен приход од десет милијарди евра, што е за 21 отсто помалку на годишно ниво.Компанијата Nokia Oyj е специјализирана за производството на мобилни телефони и развој на софтвер за мобилни телефони, како и мрежна опрема. Бројот на вработените е повеќе од 123 илјади луѓе, а нејзините производи се продаваат во 160 земји. Групацијата кон крајот на 2011 година имаше вкупно 130 илјади вработени, вклучувајќи ги и оние во Nokia Siemens.Во првата седмица од февруари, пак, Nokia објави дека планира да укине уште четири илјади работни места во нејзините фабрики во Финска, Унгарија и Мексико, во рамките на напорите да ги намали трошоците за префрлување на работите во склопувањето на смарт телефоните во Азија, а претходно издаде соопштени во коешто наведува дека работните места ќе се укинуваа етапно во текот на 2012 година, а се разгледува работењето на компанијата уште од 2011 година, кога го најави затворањето на погонот во Романија.Компанијата, исто така, наведува во соопштението дека во април минатата година најавила кастрење на вкупно 7.000 а во септември и на уште други 3.500 работни места. Нејзината филијала за мрежна опрема Nokia Siemens, во ноември најави откази за 17 илјади работници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.