Економија
Груевски вети поддршка за индиски бизнисмени што ќе инвестираат во Македонија
Повик до индиските бизнисмени да ја посетат Република Македонија и да ги искористат нејзините компаративни предности упати денеска во Њу Делхи македонскиот премиер Никола Груевски.
Повик до индиските бизнисмени да ја посетат Република Македонија и да ги искористат нејзините компаративни предности упати денеска во Њу Делхи македонскиот премиер Никола Груевски.Тој за време на бизнис форумот, на кој учествуваа над 120 индиски компании, вети дека владините институции ќе излезат во пресрет и ќе обезбедат максимална поддршка за реализација на инвестициите и деловните потфати со македонските компании.Притоа, Груевски истакна дека „Митал Стил“, „Самвардана Мадерсон Груп“ и „Бинани групацијата“ се индиски инвестиции во Македонија, кои имаат одлични искуства во водењето бизнис. Македонскиот премиер во своето обраќање се осврна и на реформите на деловното окружување во изминатите 6 години, и вреднувањето на истите од страна на реномираниот „Doing Business“ извештај на Светската банка за 2012 година, и ги запозна инвеститорите со економските политики и инвестициските можности. На Форумот свои обраќања имаа Агарвал, претседавач со Комитетот за пазар на капитал на Асоцијацијата на стопански комори на Индија, Девин Наранг, претседавач на Федерацијата на индиските стопански комори за трговија и индустрија, Шри Ганапати, владин секретар за западни земји во Министерството за надворешни работи, кои изразија задоволство што за прв пат учествуваат на настан на кој што се презентираат македонските потенцијали во Индија, и истакнаа дека брзорастечката индиска економија постојано гледа можности за интернационализација на своето производство и услуги и во тој контекст гледаат на потребата за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.Презентација имаше и вицепремиерот Зоран Ставрески кој зборуваше за зголемување на конкурентноста на македонската економија, особено во делот на фискалната политика , за регулаторната гилотина, и можностите за инвестиции во инфраструктурата и енергетскиот сектор, како и доброто справувањето со предизвиците кои доаѓаат од должничката криза во Европа, што е потврдено и од светските агенции за кредитен рејтинг. Пред индиските стопанственици се обратија и министерот Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо кои во детали ги запознаа индиските бизнисмени со деловното опкружување и компаративните предности во повеќе области што Македонија ги нуди. како што соопшти владината прес служба, Груевски и Ставрески оствариле тет-а-тет средби со неколку заинтересирани индиски компании. Владината делегација од тука заминува на уште еден бизнис форум во Њу Делхи кој што е во организација на групацијата Сахара Индија Паривар. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.
Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,380%, кај дизелот за 2,624%, кај екстра лесното масло за 2,351% и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4252%.
Економија
Работилница на македонската и грчката регулаторна комисија за енергетика: во фокусот поврзувањето на пазарите за електрична енергија
Регулаторното искуство во поврзување на пазарите за електрична енергија беше фокусот на третата заедничка работилница помеѓу Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY).
“Откако се донесе Законот за енергетика, во РКЕ се формирани тимови од инженери, економисти и правници кои работат интензивно на подзаконската регулатива што ќе обезбеди усогласување на домашната легислативата со европската. Ова е само еден од предусловите за да започне практичната интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари, а потоа и со Европскиот пазар за електрична енергија. Регулаторната работилница за нас е можност да размениме искуства и знаење, затоа што грчкиот регулатор веќе го има затворено овој процес.“ посочи Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.
Од Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY) ги презентираа регулаторните чекори кои што ги презеле при спојување со европскиот енергетски пазар, нагласувајќи дека ова е интензивен процес што бара блиска и ефикасна соработка на засегнатите страни за да се постигне јасна и транспарентна транзиција.
РКЕ и РАЕ минатата година во февруари склучија Меморандум за соработка во областите: енергија, вода и отпад со цел размена на регулаторна експертиза.
Економија
Божиновска со концесионерите во Прилеп: Развојот на рударството продолжува со јасни правила, повисоки стандарди и поголема контрола
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Прилеп одржа заедничка работна средба со најголемите концесионери од регионот, посветена на актуелните состојби во рударскиот сектор, предизвиците со кои се соочуваат компаниите и можностите за понатамошен развој.
На состанокот присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини. Во отворена дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.
Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.
„Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор“, истакна Божиновска.
Концесионерите ја поздравија иницијативата за почести директни средби со институциите, оценувајќи дека ваквиот пристап овозможува побрзо решавање на отворените прашања и подобра координација во секторот.
На средбата беше потенцирана и потребата од засилен инспекциски надзор на терен, при што беше нагласено дека отворањето на новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на континуиран дијалог со индустријата, со цел создавање стабилна деловна средина, одржлив економски раст и јасни придобивки за локалните заедници.

