Економија
Лаптоп со соврешени перформанси од Dell
Компанијата Dell понуди нов производ на пазарот, лаптоп со совршени перформанси. Со користењето на алуминиумот Dell ја намали тежината и создаде нов модерен модел на компјутер.
Компанијата Dell понуди нов производ на пазарот, лаптоп со совршени перформанси. Со користењето на алуминиумот Dell ја намали тежината и создаде нов модерен модел на компјутер.
Самата изработка на лаптопот делува доста цврста и беспрекорна.
Конфигурацијата Intel i5 со Turbo-Boost кој може да достигне до 3ghz со своите 6gb RAM има дури и премногу работна меморија за секојдневна употреба. Dell конструирал и вградил харддиск од 500gb кој е речиси стандарден за денешните лаптопи.
Тежината на лаптопот од само 1.98 кгр во практиката се покажува како одлично решение. Богатата опрема којштоа за почнува со вргадениот оптичкиот уред, е една од огромните предности пред другите конкурентски противодители и му додаваат тежина на самиот лаптоп.
Секако, на лаптопот има SD-card слот на левата страна заедно со приклучоци за слушалки и микрофон. На задниот дел, пак, има приклучоци за LAN, HDMI и DisplayPort, како и два USB приклучока. На десната страна се наоѓа оптичкиот уред и индикатор и копче коштое при притискање го покажува моменталниот капацитет на батеријата.
Една од најдобрите компоненти на лаптопот на Dell е тастатурата со копчиња како чоколадца (chocolate style) којашто има и заднинско осветлување. Самото пишување на тастатурата преставува вистинско задоволство.
Аудио квалитетот е стандарден за лаптоп од оваа категорија на професионални лаптопи. LED екранот во почетокот прекрасно, но корисниците не треба да ги вознемири доколку се појави рефлексија. Тоа значи дека работат на поголема амбиентална светлина.
При секојдневната употреба на лаптопот, според тестирањата на стручни лица, е и предобар за стандарден корисник. Едитирањето на фотограиите е брзо, гледањето видео до 1080p е одлично, иако големината на екранот не може да придонесе за комплетно доживување на видеото. Сепак, двојниот графички излез дозволува приклучување на ТВ и тогаш може да се почувствува целосниот потенцијал на видеото.
Ваква конфигурација може да се најде и за пониска цена. Цена од 900 евра го прави малку скап, но за перформасите и кавлитетот се исплати. Корисниците коишто го тестирале се пожалиле на премногу pop-up боксови кои ве прашуваат дали сакате да се регистрирате за програмите на Dell или McAfee. кои се дел од софтверскиот пакет на лаптопот. Преголема бука се јавува од вентилаторот кој е инсталиран, но имајќи предвид дека воопшто не и’ попречува на потрошувачката на батеријата, може да се каже дека лаптопот е идеален за работа на отворено./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.
Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,380%, кај дизелот за 2,624%, кај екстра лесното масло за 2,351% и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4252%.
Економија
Работилница на македонската и грчката регулаторна комисија за енергетика: во фокусот поврзувањето на пазарите за електрична енергија
Регулаторното искуство во поврзување на пазарите за електрична енергија беше фокусот на третата заедничка работилница помеѓу Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY).
“Откако се донесе Законот за енергетика, во РКЕ се формирани тимови од инженери, економисти и правници кои работат интензивно на подзаконската регулатива што ќе обезбеди усогласување на домашната легислативата со европската. Ова е само еден од предусловите за да започне практичната интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари, а потоа и со Европскиот пазар за електрична енергија. Регулаторната работилница за нас е можност да размениме искуства и знаење, затоа што грчкиот регулатор веќе го има затворено овој процес.“ посочи Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.
Од Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY) ги презентираа регулаторните чекори кои што ги презеле при спојување со европскиот енергетски пазар, нагласувајќи дека ова е интензивен процес што бара блиска и ефикасна соработка на засегнатите страни за да се постигне јасна и транспарентна транзиција.
РКЕ и РАЕ минатата година во февруари склучија Меморандум за соработка во областите: енергија, вода и отпад со цел размена на регулаторна експертиза.
Економија
Божиновска со концесионерите во Прилеп: Развојот на рударството продолжува со јасни правила, повисоки стандарди и поголема контрола
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Прилеп одржа заедничка работна средба со најголемите концесионери од регионот, посветена на актуелните состојби во рударскиот сектор, предизвиците со кои се соочуваат компаниите и можностите за понатамошен развој.
На состанокот присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини. Во отворена дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.
Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.
„Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор“, истакна Божиновска.
Концесионерите ја поздравија иницијативата за почести директни средби со институциите, оценувајќи дека ваквиот пристап овозможува побрзо решавање на отворените прашања и подобра координација во секторот.
На средбата беше потенцирана и потребата од засилен инспекциски надзор на терен, при што беше нагласено дека отворањето на новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на континуиран дијалог со индустријата, со цел создавање стабилна деловна средина, одржлив економски раст и јасни придобивки за локалните заедници.

