Економија
Заострен критериумот за категоризацијата на угостителските објекти
Правилникот за категоризацијата на угостителските објекти во Македонија ќе претрпи измени со цел подигање на повисок степен на стандардите на сместувачките капацитети.
Правилникот за категоризацијата на угостителските објекти во Македонија ќе претрпи измени со цел подигање на повисок степен на стандардите на сместувачките капацитети.За да еден хотел се стекне со четири ѕвездички неопходно е да има базен, а за хотел со пет ѕвездички треба задолжително да има базен, фитнес и спа-центар, а се предвидува и зголемена квадратура на собите, и тоа 14 метри квадратни за еднокреветна соба за хотел со пети и 12 метри квадратни за соба за хотел со четири ѕвездички, Со измените се предвидува за категоризација на хотел, објектот да има најмалку 10 соби за да се стекне со една или две ѕвездички, 15 соби за три и најмалку 20 соби за 4 и 5 ѕвездички. Во сите хотели ќе мора да се прифаќаат кредитни картички.Покрај ова хотелите од висока категорија, ќе треба на секои 30 соби да имаат по една соба за инвалиди, а услов ќе биде и задолжително познавање на еден странски јазик за менаџерот и персоналот.Претставувајќи ги измените, министерот за економија Ваљон Сараќини информираше дека категоризацијата на угостителските објекти ја врши Комисија за категоризација, а важност на определената категорија изнесува три години.„Измените на правилникот се однесуваат пред се’ на подигање на повисок степен на стандардите на сместувачките капацитети во градежниот дел, уредувањето, опремувањето и услугите, се’ со цел подигање на нивото на услуги што ќе им ги понудиме на туристите, со оглед на тоа што туризмот е еден од нашите приоритети“, истакна Сараќини.Директорката на Државниот пазарен инспекторат Елизабета Чингаровска истакна дека новиот правилник за категоризација е многу поригорозен од претходниот и дека контролата ќе биде засилена особено за неистакнување на категоријата на угостителскиот објект.Угостителските објекти ќе имаат две години време за прилагодување кон барањата кои произлегуваат од новиот Правилник за категоризација на угостителските објекти. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

