Економија
Словенечкиот парламент ги повика банките да покажат одговорност
Одборот за финансирање и монетарна политика на словенечкиот парламент ги повика банките да покажат повеќе одговорност во кредитирањето на компаниите, со цел да се сочуваат повеќе работни места.
Вонредната седница посветена на „кредитниот грч“ во банкарството, неликвидноста и финансиските потешкотии на голем број фирми кои се пред стечај, одржана е на барање на опозицијата, која ја обвини владата дека премногу се занимава со ребаланс на буџетот и најавената стабилизација на јавните финансии, наместо да ги отстрани причините за „кредитниот грч“, бидејќи банките се помалку им даваат кредити на домашните фирми.Непосредно пред почетокот на седницата, стотици работници на фабриката за хартија Радеча протестираа пред парламентот, бидејќи компанијата се наоѓа пред стечај, откако банките со месеци не и одобриле кредит за обртни средства, односно за машини за изработка на новчаници и хартии од вредност, со која ќе стане конкурентна на пазарот.Владините претставници на седницата ветија помош за малите и средни претпријатија, но само во рамки на законските можности. Наскоро се очекува да биде претставен планот тежок 80 милиони евра за финансиски поттик на претпријатијата.Претставниците на здружението на словенечки банки и на централната банка укажаа на податокот дека словенечкиот банкарско-финансиски систем е меѓу шестте најзадолжени во Европа.Директорот на словенечката филијала на Уникредит банка, Франц Архар изјави дека ова банка во Словенија одобрила кредити во износ од три милијарди евра, но напомена дека банките можат да одобруваат кредити само за добри проекти и на фирми кои се способни да ги сервисират кредитите.Растот на кредитните пласмани во Словенија во изминатите години беше „ненормален“, словенечкиот банкарски систем веќе две години работи со загуби, а банките поради лошите кредити мораат секоја година во билансите да воведуваат високи отписи и резервации, предупреди Архар. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

