Контакт

Економија

Украина ги претставува туристичките можности за ЕП во фудбал

Објавено пред

Презентација на туристичките дестинации на Украина во пресрет на Европското првенство во фудбал, но и на македонските потенцијали пред украинските туроператори, ќе се одржи денеска во Скопје.

Настанот го организира Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Украина во Република Македонија.Според агендата, најнапред ќе биде извшрена презентација на Украина, како една од најатрактивните туристички дестинации во 2012 година во врска со Европското првенство во фудбал ЕУРО 2012. кое ќе се одржи во градовите Киев, Доњецк, лавов и Харков.Предвидено е да бидат презентирани најголемите туристички агенции и туроператори и хотели во Украина.На втоирот дел од седницата ќе се одржи рпезентација на туричките можности на Република  Македонија, на најзначајните туристички агенции и туроператори и хотели од Македонија за туристите од Украина.  крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Од 1 јули се укинуваат тарифите за роаминг меѓу земјите од Западен Балкан

Објавено пред

Oд следниот месец се укинат тарифите за роаминг за граѓаните од земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово), беше соопштено денеска на состанок организиран од Советот за регионална соработка (RCC), „Heading towards Roaming Free Western Balkans”.

Дел од министерскиот состанок беше и македонскиот министер за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

„Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули”, рече министерот Шаќири.

Тој нагласи дека ова е само почеток, додавајќи дека важноста на овој договор е исклучително голема и е предуслов да се започне процесот за намалување на трошоците за роаминг и помеѓу балканските земји и земјите од Европската Унија.

„Меморандумите за 5G, интероперабилност и доверливите услуги, потпишани минатата година во Тирана, ја отворија вратата за изградба на заеднички технички јазик. Ова ќе им овозможи на ИКТ системите ефикасно да комуницираат во регионот, и во иднина исто така со земјите од Европската Унија. Тоа е мал, но важен чекор на патот кон градење дигитално општество засновано на доверба“, рече Шаќири.

Прикажи повеќе...

Економија

Околу 50 милиони евра годишно од еколошката такса ќе одат на проекти за зелен развој, велат од Владата

Објавено пред

Формираме посебен фонд за средствата од еколошка такса со кој ќе обезбедиме подобри услови за зелен развој, истакнаа вицепремиерот Фатмир Битиќи и Фатмир министерот Бесими на седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог.

Битиќи и Бесими го претставија концептот за воведување на еколошка такса на нафтени деривати, при што посочија дека еколошката такса се воведува како механизам за прибирање на средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина, кои ќе бидат во посебен фонд за овозможување на зелен развој на државата. Објаснето е дека висината на еколошката такса од дериват до дериват се разликува и дека најголема такса се планира за деривати кои и најмногу ја контаминираат животната средина како што се бензинот, дизелот, екстра лесното масло и маслото за горење (мазут), за кои таксата ќе изнесува по 3,5 денари по литар, додека за безоловниот бензин, таксата изнесува 3,1 денари.

„Заштитата на животната средина и овозможување на зелен и одржлив развој е еден од врвните приоритети на Владата и токму во таа насока средствата ќе се прибираат во посебниот фонд, а кои на годишно ниво би изнесувале околу 50 милиони евра, ќе се насочат токму во еколошки проекти“, велат од Владата.

Претставниците на Владата и на бизнис секторот разговараа и за одредени аспекти од Законот за јавни набавки, особено што се однесуваат за третманот на ИКТ набавките, како и за можности за поместување на рокови за извршување на договорни обврски, поради актуелните случувања со корона кризата.

На состанокот директорката на Управата за Јавни Приходи, Сања Лукаревска, зборуваше за процесот на враќање на средствата кои што компаниите ги добија во повеќе турнуси како поддршка за исплата на плати од антикризните пакети мерки, а кои не ги исполниле условите добиените пари да се претворат во грант според законот, со детален опис како УЈП го спроведува и администрира целиот процес.

Вицепремиерот Битиќи, министерот Бесими, претставниците н државните институции и стопанските комори и на оваа седница заклучија дека комуникацијата помеѓу јавниот и приватниот сектор е на особено високо ниво и дека овој отворен дијалог треба да продолжи со иста динамика за унапредување на условите за водење на бизнис, а со тоа и овозможување на побрз и одржлив економски раст и развој.

Во владата присуствуваа и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, директорот на Бирото за јавни набавки, Борче Хаџиев, државната секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ и претседателите и извршните директори на стопанските комори, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог (Стопанска комора на Северна Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и МАСИТ).

Прикажи повеќе...

Економија

Халкбанк со нов потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода

Објавено пред

Халкбанк создаде нов потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода, кој вклучува и бројни други поволности. Со фиксна каматна стапка од 5% за првата година и 5,5% фиксна каматна стапка за втората година, како и без надоместок за одобрување на кредитното барање и без трошоци за предвремена отплата на кредитот, овој кредит е достапен за секого и за секаква намена.

Максималната вредност на потрошувачкиот кредит е до 1.500.000 денари, со максимален рок на отплата до 10 години.

Потрошувачките кредити се едни од најбараните банкарски производи затоа што се идеални за финансирање на најразличните потреби на граѓаните, и тоа по поволни услови.

Трошокот за полисата за животно осигурување, која е задолжителна за овој тип кредит е во зависност од тарифата на осигурителната компанија и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата од незгода е во вредност од 600 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.

Халкбанк АД Скопје во моментов има 43 филијали во 20 градови во Македонија каде се достапни услугите на банката како и дополнителните информации за секој од производите.

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Од 1 јули се укинуваат тарифите за роаминг меѓу земјите од Западен Балкан

Oд следниот месец се укинат тарифите за роаминг за граѓаните од земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна...

Економија1 час

Околу 50 милиони евра годишно од еколошката такса ќе одат на проекти за зелен развој, велат од Владата

Формираме посебен фонд за средствата од еколошка такса со кој ќе обезбедиме подобри услови за зелен развој, истакнаа вицепремиерот Фатмир...

Европа2 часа

(Видео) Торнадото уништи 2.000 куќи во Чешка, објавени снимки со дрон од погодените области

Торнадото што синоќа опустоши седум села на југот oд Чешка и однесе најмалку пет човечки животи, според премиерот Андреј Бабиш,...

Регион3 часа

(Видео) Рама: Почнавме да се навикнуваме на фактот дека ЕУ не си ги исполнува ветувањата

Еди Рама стои зад критиките кон ЕУ што ги кажал деновиве, зашто Унијата не успева да ги исполни сопствените ветувања. Ова...

Македонија5 часа

Обвинителката Фетаи повредена во сообраќајка во скопски Чаир

Обвинителката Фатиме Фетаи е повредена откако синоќа околу полноќ имала сообраќајна несреќа во скопски Чаир. Во Градската општа болница „Свети...

Македонија6 часа

„Не си играјте со европската иднина на Северна Македонија“ – Сириза побара од Мицотакис ратификување на меморандумите

Грчката опозициска партија Сириза ја повика Владата на премиерот Киријакос Мицотакис итно да ги ратификува трите меморандуми потпишани меѓу Грција...

Македонија7 часа

Топлиот бран ќе се задржи и во текот на викендот

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб...

Европа8 часа

(Видео) Апокалиптични снимки по торнадото во Чешка, расте бројот на мртви

Торнадо и силно невреме проследено со грмотевици, во четвртокот вечерта погоди неколку градови на југоистокот од Чешка, во регионот Јужна...

Свет22 часа

Руски претставник за британскиот брод: Следниот пат бомбите ќе паднат врз целта, а не околу неа

Шефот на руската делегација во преговорите за безбедност и контрола на оружјето во Виена, Константин Гаврилов, ја предупреди Велика Британија...

Македонија24 часа

Заев: Репрезентацијата ја претставува Северна Македонија, придавката „македонска“ е за други случаи

Кога се претставува државата, како во случајот со фудбалската репрзентација, тогаш се употребува репрезентација на Северна Македонија, додека македонско, македонска,...

Македонија1 ден

Радев: Ги издржавме притисоците, патот на Северна Македонија зависи само од дијалогот со Бугарија

Забрзувањето на европската перспектива за Република Северна Македонија зависи само од ангажманот и резултатите во дијалогот со Бугарија. Ова го...

Македонија1 ден

Регистрирани се 10 нови случаи на Ковид -19, три лица се починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на...

Регион1 ден

Вучиќ: Не е фер што Македонија и Албанија не добија датум за преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека жали што Скопје и Тирана не добија датум за почеток на преговорите со ЕУ....

Македонија1 ден

Утре ќе стигнат 100.000 вакцини на Фајзер, а в недела 500.000 на Синовак, најави Филипче

Утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот, најави министерот за здравтство Филипче. В недела...

Македонија1 ден

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование, најавија по денешниот работен состанок, министерот за...

Македонија1 ден

Над 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин, ќе бидат вакцинирани во следните 20 дена

Голем број граѓани реагираат дека одамна се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, но се уште не добиле термин за вакцинација во...

Свет1 ден

(Видео) Москва со порака: Ќе има страшни последици ако некој изврши провокации како случајот со британскиот разурнувач

Руската Црноморска флота, заедно со Граничната служба на ФСБ, испукаа предупредувачки истрели за да го спречат британскиот разурнувач да ја...

Македонија1 ден

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, повикува Министерството за труд и социјала

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Европа1 ден

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно...

Свет1 ден

(Видео) Се сруши мост во Вашингтон, повредени се повеќе лица

Пешачки мост се урна во североисточен Вашингтон. Според американските медиуми, најмалку шест лица биле повредени, додека еден камион останал заробен...

Досие