Контакт

Економија

Во Германија постигнат договор за раст на платите во јавниот сектор

Објавено пред

Два милиона вработени во јавниот сектор во Германија во текот на идните две години ќе добијат зголемени плати за 6,3 отсто, изјави во саботата наутро по целовечерните преговори, министерот за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих.

Преговорите меѓу министерот за финансии на Германија, Ханс- Петер Фридрих, кој ја претставуапше владата и претставниците на синдикатот Верди, водени во градот Потсдам кои траеја 40 часа, доведоа до постигнување договор со кој се завршени серијата протести одржани изминатите седмици.

Верди е еден од најголемите и највлијателни синдикати кој застапува околу два милиона вработени во јавниот сектор, бараше зголемување на платите за 6,5 отсто, и минимално покачување за секој врботен од 200 евра, додека владата предлагаше зголемување од 3,3 отсто во текот на следните две години.

Сега според договорот, платите ќе се зголемат за 6,3 отсто етапно во текот на следните две години. Сега тарифната комисија на синдикатот мора да го одобри исходот на преговорите.

Со договорот е избегната заканата од поголеми штрајкови откако минатите седмици беше одржана серија предупредувачки штрајкови во најразвиената европска земја.

Штрајковите кои траеја две седмици, ги започнаа вработените во сферата на транспортот, детските градинки и царината. Првото зголемување на платата, според договорот, треба да се вкалкулира ретроактивно од 1-ви март, кога вработените ќе добијат 3,5 отсто покачување. Следното зголемување ќе се случи во јануари и август 2013 година.

Покрај тоа, организаторите на штрајковите успеаја да издејствуваат и годишен одмор во во траење од 29 работни денови за сите, вклучително и за нововреботените./крај/н-24/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Славески: Поскапувањето на горивата не е еколошка такса, туку кризен данок

Објавено пред

Со оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ навикнавме на создавањето паралелна реалност и на давање погрешно име на нештата, вели Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, предлогот за воведување т.н. еколошка такса за горивата не отстапува од тоа правило. Тоа, како што рече Славески, се гледа од образложението што го нудат владата и нејзини челници за причините за воведување на оваа давачка.

„Целта, наводно, е да се придонесе кон заштита на животната средина преку поддршка на транзицијата од користење фосилни горива кон обновливи извори на енергија. Нè убедуваат дека зголемените цени на горивата почивале на познатиот принцип „загадувачот плаќа“. Овој принцип, предложен од економистите пред точно еден век, е сосема во ред, но повикувањето на него во случајов претставува класична злоупотреба и замена на теза. Значи ли ова дека сите корисници на автомобили, сите транспортери, вклучително и вршители на јавен превоз во земјава се загадувачи? Се разбира дека не значи. Наместо да се воведе построга контрола на мерење на емисијата на издувни гасови при регистрација на возилата, како основа за примена на принципот „загадувачот плаќа“ во овој контекст, се предлага линеарно зголемување на цените на горивата за сите корисници, без разлика на видот на превозното средство“, оценува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески.

Од досегашната практика, како што рече Славески, може да се заклучи дека зголемувањето на цените до одреден степен не влијае на намалување на потрошувачката на горивата.

Според него, воведувањето на дополнителна давачка на горивата, преку зголемените цени, ќе ги зголеми приходите во државниот буџет.

„Зголемените цени негативно ќе влијаат врз стандардот на граѓаните и ќе ги зголемат трошоците за транспорт на стоки и патници. Дополнително, евентуалното воведување на оваа нова давачка доаѓа во изразито неповолен момент,кога цената на суровата нафта на светските берзи е висока и се очекува нејзин натамошен раст“, смета Славески.

Прикажи повеќе...

Економија

Проектите помогнати од Светска банка обезбедуваат долгорочни решенија, согласни Шахпаска и Паолучи

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика и Светска банка во Северна Македонија ќе продолжат интензивно да соработуваат во делот на унапредувањето на социјалната заштита, зголемување на вработливоста на ранливите групи граѓани, особено на жените, но и на градење на човечки капитал како суштествен елемент за напредок на едно општество. Ова беше заклучено на денешниот состанок на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со директорот на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија, Масимилиано Паолучи.

На средбата се разговараше за можностите за активација на што поголем број лица на пазарот на труд, но и за унапредување на капацитетите на институциите.

„Оваа година во Оперативниот план на активни програми и мерки, воведени се три нови принципи, односно справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на Ковид-19, поттикнување на рамномерен регионален развој и принципот на диверзитет и инклузивност. Направивме конекција помеѓу Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување, со цел да се мапираат највработливите лица од семејствата приматели на гарантирана минимална помош и истите да бидат активирани на пазарот на трудот. Додека пак, за најневработливите, лицата со попреченост, Ромите, ранливите категории на граѓани, овозможивме обуки со кои истите би станале работоспособни“, рече Шахпаска.

Во моментов, Министерството за труд и социјална политика, го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) со наменскиот заем во вредност од 28,7 милиони евра кој Владата на Република Северна Македонија го доби од Светска Банка. Како дел од првата компонента на овој проект, која има за цел да го зајакне целокупниот систем на обезбедување социјална заштита, потпишани се 19 договори со 24 општини. Како дел од втората компонента, која има за цел да го зголеми пристапот до квалитетни услуги за ран детски развој, изградени се две детски градинки, а во изградба се уште 9 градинки, појаснуваат од министерството.

„Напредокот е во луѓето. Проектот којшто го подготвуваме се однесува токму на развој на човечкиот капитал и треба да овозможи оспособување на што поквалитетен кадар за работа и што поголема активација на населението на пазарот на труд. Здравјето, образованието и социјалната заштита се трите најважни компоненти кои ќе го подобрат животниот стандард, но и ќе создадат услови младите иднината да ја гледаат во сопствената земја. Верувам дека одличната соработката која ја имаме со Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи да се имплементира и во секој нареден проект“, истакна Масимилиано Паолучи.

Прикажи повеќе...

Економија

Средба Заев-Бутарис: Од огромна важност е соработката меѓу двете земји за градење на капацитети за користење на фондовите на ЕУ

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев го прими поранешниот градоначалник на Солун, политичар и бизнисмен Јанис Бутарис, кој заедно со своите соработници остана во работна посета на Скопје откако вчера учествуваше на Првиот Економски Форум во Скопје во организација на Економскиот Форум од Делфи, Грција, и на Грчката Бизнис Асоцијација во Северна Македонија, а во партнерство и соработка со домашните компании.

На средбата, како што информираат од кабинетот на Заев, било истакнато дека Првиот Економски Форум во Скопје е од исклучително значење како платформа за поврзување на регионалните и меѓународните политички лидери, амбасадори, претприемачи, истакнати личности од различни општествени сфери.

Заев и Бутарис се согласиле дека од посебна важност е што на Самитот биле вклучени прецизно избрани теми кои во фокусот ги имаат најсуштинските прашања кои ја засегаат Северна Македонија, соседните земји и регионот, особено кога станува збор за одржливата и успешна економска билатерална и регионална соработка и развој.

Како еден од најуспешните бизнисмени во винската индустрија во Грција и во регионот, Бутарис го запознал премиерот Заев за новите иницијативи со кои е дојден во нашата земја за кои интерес покажале дел од најголемите домашни производители на вино.

На средбата беше истакнато дека од огромна важност е взаемната соработка и поддршка меѓу Северна Македонија и Грција на градење на заеднички капацитети за пристап и користење на фондовите на ЕУ, особено на оние кои се однесуваат на регионалната соработка, стои во соопштението од кабинетот на Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

„Не си играјте со европската иднина на Северна Македонија“ – Сириза побара од Мицотакис ратификување на меморандумите

Грчката опозициска партија Сириза ја повика Владата на премиерот Киријакос Мицотакис итно да ги ратификува трите меморандуми потпишани меѓу Грција...

Македонија50 минути

Топлиот бран ќе се задржи и во текот на викендот

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб...

Европа1 час

(Видео) Апокалиптични снимки по торнадото во Чешка, расте бројот на мртви

Торнадо и силно невреме проследено со грмотевици, во четвртокот вечерта погоди неколку градови на југоистокот од Чешка, во регионот Јужна...

Свет16 часа

Руски претставник за британскиот брод: Следниот пат бомбите ќе паднат врз целта, а не околу неа

Шефот на руската делегација во преговорите за безбедност и контрола на оружјето во Виена, Константин Гаврилов, ја предупреди Велика Британија...

Македонија18 часа

Заев: Репрезентацијата ја претставува Северна Македонија, придавката „македонска“ е за други случаи

Кога се претставува државата, како во случајот со фудбалската репрзентација, тогаш се употребува репрезентација на Северна Македонија, додека македонско, македонска,...

Македонија19 часа

Радев: Ги издржавме притисоците, патот на Северна Македонија зависи само од дијалогот со Бугарија

Забрзувањето на европската перспектива за Република Северна Македонија зависи само од ангажманот и резултатите во дијалогот со Бугарија. Ова го...

Македонија19 часа

Регистрирани се 10 нови случаи на Ковид -19, три лица се починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на...

Регион21 час

Вучиќ: Не е фер што Македонија и Албанија не добија датум за преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека жали што Скопје и Тирана не добија датум за почеток на преговорите со ЕУ....

Македонија23 часа

Утре ќе стигнат 100.000 вакцини на Фајзер, а в недела 500.000 на Синовак, најави Филипче

Утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот, најави министерот за здравтство Филипче. В недела...

Македонија23 часа

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование, најавија по денешниот работен состанок, министерот за...

Македонија1 ден

Над 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин, ќе бидат вакцинирани во следните 20 дена

Голем број граѓани реагираат дека одамна се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, но се уште не добиле термин за вакцинација во...

Свет1 ден

(Видео) Москва со порака: Ќе има страшни последици ако некој изврши провокации како случајот со британскиот разурнувач

Руската Црноморска флота, заедно со Граничната служба на ФСБ, испукаа предупредувачки истрели за да го спречат британскиот разурнувач да ја...

Македонија1 ден

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, повикува Министерството за труд и социјала

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Европа1 ден

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно...

Свет1 ден

(Видео) Се сруши мост во Вашингтон, повредени се повеќе лица

Пешачки мост се урна во североисточен Вашингтон. Според американските медиуми, најмалку шест лица биле повредени, додека еден камион останал заробен...

Економија2 дена

Владата го утврди предлогот за поскапувањето на горивата, на ред се пратениците

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието. Владата на денешната 82...

Свет2 дена

Европска здравствена агенција: Делта вирусот ќе доминира во Европа ова лето

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа во текот на летото, предупреди Европската...

Топ2 дена

Изгоре камп возило на туристи на Матка

Камп возило на туристи од Полска целосно изгоре на Матка, а уште едно возило е оштетено, соопшти МВР. „Вчера настанал...

Македонија2 дена

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на...

Македонија2 дена

Заев: ЕУ има проблем, ние ќе бараме решение и не се откажуваме од заслужената интеграција

„Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека...

Досие