Контакт

Економија

Македонски претприемачи учат за лидерсто од канадски експерти

Објавено пред

Експерти од Канада им го пренесуваа своето знаење на македонски претприемачи на специјални обуки за лидерсто што деновиве се одржуваат во Скопје, со цел македонските бизнисмени да стекнат нови вештини и ефективни техники за донесување одлуки.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за Лидер Проектот, организиран од страна на фондацијата „Македонија 2025“, составена од еминенетни бизнисмени од македонската дијаспора, а корганизатори се  Сојузот на Стопански Комори на Македонија и Richard Ivey School of Business од Онтатио. Теми на обуката се претприемништво, деловна стратегија, маркетинг стратегија, финансиски менаџмент, оперативен менаџмент, комуникации и бизнис планирање, а тренинзите се структуирани врз основа на методот на случај, при што се користат реални бизнис примери за совладување на одредена вештина и стекнување поопфатни знаења. „Имам многу позитивни впечатоци од обуките, предавачите се компетентни во презентирање на различните бизнис случаи и сметам дека ова е најдобриот начин за учење нови вештини и проширување на аспектите при донесување одлуки. Контактите што се остваруваат во текот на обуките се од голема вредност.“ Игор Христов, менаџер на 4Virtus. Миле Ефремоски, специјалист за продажба во NextSense вели: „Обуките како сеопфатна теоретска и практична програма беа одлична можност да се научат многу работи од целосното бизнис работење и бевме во можност да размениме и нови искуства и вештини, да дознаеме за нови бизнис алатки кои се користат во Северна Америка, како и да стекнеме нови пријателства“. Лидер Проектот е економска развојна програма, основана во 1991 од страна на МБА студенти од Richard Ivey School of Business на University of Western Ontario. Учењето се одвива низ интерактивни дискусии за реални бизнис проблеми преземени од Северно-американските и Источно-европските искуства. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Објавено пред

Како резултат на заедничкиот проект на експерти од Народната банка и од Чешката централна банка, изготвен е работен материјал, под наслов „Преглед на новиот калибриран модел ДСГЕ за економијата на Северна Македонија“, од авторите Тибор Хледик, Јоана Маџоска, Мите Митески и Јан Влчек, којшто беше објавен во реномираната серија работни материјали на ММФ. Изготвувањето на трудот е во рамките на проект за техничка соработка со експерти од ММФ и од Чешката народна банка, чијашто цел беше изградба на нов динамички стохастички модел на општа рамнотежа (ДГСЕ) за македонската економија. Ова претставува прв труд од нашата институција којшто се објавува како работен материјал на ММФ, со што се дава важен придонес во афирмирањето на Народната банка во меѓународни рамки и во јакнењето на нејзината аналитичка инфраструктура, доближувајќи ја до стандардите на централните банки од развиените економии.

dobivaj vesti na viber

Работниот материјал нуди детална анализа на меѓусебните поврзаности на секторите во македонската економија со примена на софистицираниот модел ДСГЕ, којшто беше приспособен соодветно за да ги опфати нејзините карактеристики, а добиените резултати ја нагласуваат неговата корисност како алатка за обликување на монетарната политика на Народната банка засновано на информации.

Овој објавен труд не само што ја истакнува работата и посветеноста на нашиот кадар, туку ја подвлекува и улогата на нашата институција како водечка во придонесот кон истражувањата од економската област во нашата држава.

Прикажи повеќе...

Економија

Цените на бензините и на дизелот остануваат непроменети

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 7.10.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 11.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,034 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,254 ден/кг и сега ќе изнесува 44,034 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,37%, кај дизелот зголемувањето е за 3,192%, кај екстра лесното масло исто има зголемувањето од 3,675% и кај мазутот зголемувањето за 3,034%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,8091%.

Прикажи повеќе...

Економија

Димитриеска-Кочовска: Никогаш не можам да се согласам со мерката на замрзнување на цените, ефектите нема да бидат толку големи, особено во услови на ниска инфлација

Објавено пред

Во изминатите 100 дена работевме без штедење, кажа денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска.

dobivaj vesti na viber

Изрази задоволство од постигнатото, бидејќи како што рече, е обезбедено финансирање за сервисирање на сите обврски до крајот на годината и постепено стабилизирање на јавните финансии.

Таа потенцира дека состојбата кога ја презела власта во делот на финансиите била повеќе од алармантна бидејќи на располагање имале 47 милиони евра на девизната сметка, додека на денарската или како што појасни, основната буџетска сметка затекнале минус од 60 милиони евра и потрошени 71 процент од буџетскиот дефицит.

„За сто дена успеавме повеќе од сто проценти. Успеавме да изготвиме прекројување на државмната каса со што најдовме одговори на предизвиците кои ги наследивме и да го консолидираме Буџетот“, нагласи таа.

Во однос на кредитот од Унгарија кажа дека во текот на следната недела очекува да биде направен преносот на средствата а како што најави, ќе треба да се направи и дополнителна прераспределба во рамки на Буџетот.

Компаниите, средствата од кредитот, според нејзините очекувања, би можеле да ги користат пред Нова година.

„Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата. Тука ќе треба да се направи и прераспределба во рамки на Буџетот. Ние ќе ги префрлиме парите кон Развојната банка на принцип на позајмица и таа понатаму ќе ги пласира. Мојата обврска беше да го потпишам кредитот, да ги обезбедам средствата, да ги префрлам на Развојната банка со склучен договор меѓу Министерството и Развојната банка, а понатаму Развојната банка и луѓето вклучени во целата постапка, треба да си ги преземат обврските и да ја продолжат понатамошната комуникација со комерцијалните банки“, изјави таа.

Министерката за финансии потенцира дека е против замрзнување на трговските маржи и според неа таквата мерка не носи никакви резултати.

„Никогаш не можам да се согласам со мерката на замрзнување на цени, маржи, тоа се сложени методологии за пресметка, и во државните институции нема доволно капацитет кој може точно да ги пресмета тие маржи и да потврди дека тоа е така. Во периодот кој следи очекувам да има промени во тој дел, и да не се продолжува на истиот овој начин, затоа што јас сметам дека ефектите нема да бидат толку големи колку што се очекува особено во услови кога имаме ниска инфлација“, појасни таа.

Спротивно на ова како што рече го подржува Законот за нефер трговски практики.

„Сметам дека тој повеќе ќе го регулира пазарот отколку овие математики кои ги правиме. Законот за нефер трговски практики многу поедноставно може да се проверува и следи во однос на она што значи замрзнување на цени.

„Јас сум човек што има став и не го менувам така едноставно, затоа што ниедна одлука досега не сум ја донела избрзано, ниту сум ја донела поради некаков инает туку само врз база на тоа што значи анализа на бројки и воочување на реалноста“, одговори Димитриевска Кочовска на прашањето дали била осамена во моментот на носењето на одлуката за маржите на Влада.

„Ако сум добила податоци и гледам дека профитабиолноста не е таква каква што компаниите или некој друг се обидел да ја претстави јас неможам да замижам на тоа. Но независно дали сум била осамена или не, одлуката на Владата е конечна, а јас само го кажувам мојот став и сметам дека е многу сложена проблематика особено во услови кога имаме проблеми од другата страна во однос на администрацијата и тоа кој ќе ги следи мерките и дали правилно ја анализирале методологијата, како ќе стигнеме до таа бруто трговска маржа.

Дискутабилна е и темата со високите цени при услови на инфлација од 2 до 3 проценти. Кога има таква инфлација значи не може цените да пораснале и да се толку високи. Суштината е, кои цени се виоски. Каде е најголемиот проблем? Тоа се цените на зелените пазари, и во овој момент граѓаните кога работат и кога подготвуваат зимници тука е најголемиот ефект е тука е проблемот. Ова е комплексно прашање и не се решава само со замрзнување на цени во еден месец и носење на одлука на Влада. Кај нас проблемот се земјоделските производи. За жал од година во година имаме се помало производство на овие производи и се поголчем увоз“, кажа Димитриеска Кочовска во однос на прашањето за замрзнувањето на цените.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Започнаа увидни дејствија во опожарена зграда во Чаир

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје...

Свет22 минути

(Видео) Воздушните снимки го откриваат вистинскиот размер на катастрофата во Флорида: ураганот Милтон остави пустош

Најмалку 16 лица загинаа кога ураганот Милтон ја погоди Флорида во текот на ноќта, предизвикувајќи поплави, силни ветрови и торнада,...

Македонија42 минути

Почувствуван земјотрес во Демир Капија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија2 часа

Балансерот е минато, етничката припадност не смее да биде критериум за вработување, велат од Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Уставниот суд да го укине т.н. Балансер, алатката за вработување според етничка припадност, со...

Европа3 часа

(Фото) Литванија постави „змејски заби“ на границата со Русија

Литванија постави противтенковски бариери познати како „змејски заби“ на мостовите што ја поврзуваат земјата со Русија. Министерството за одбрана соопшти...

Македонија3 часа

Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври, Денот на народното востание. „Дозволете ми од мое лично...

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 14 загинати во ураганот Милтон, застрашувачки снимки од воздух

Потврдено е дека најмалку 14 луѓе загинале како последица на ураганот Милтон, јавува Ен-би-си Њуз. Од нив, шест лица загинаа...

Свет3 часа

(Видео) Човек кој пловел во Мексиканскиот залив држејќи се за ладилник е спасен

Американската крајбрежна стража спасила маж кој се држел за ладилник додека пловел на околу 50 километри од брегот. Спасувачите се...

Македонија13 часа

Оставка на директорот на основното училиште во Ѓорче Петров каде деца се обидоа да силуваат соученик

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, соопшти дека од лични и морални причини оставка поднел директорот на општинското основно...

Македонија15 часа

(Видео) Огромни гужви за излез од Скопје, на патарината „Миладиновци“ колони од два километри

Огромни гужви има попладнево на наплатната станица „Миладиновци“ на излез од Скопје. „Тука е полошо од грчка граница. Сите свират,...

Македонија18 часа

Македонците во Бугарија се обесхрабруваат да се идентификуваат, не постои свест за правата на малцинствата, нотира Советот на Европа

Советодавниот комитет на Советот на Европа во својот најнов извештај посочува дека во Бугарија постои значителен недостаток на свест за...

Македонија18 часа

Член на Надзорен одбор на банка извршил измама преку злоупотреба на чувствителна информација

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе...

Македонија20 часа

Минчев: Јавната администрација е некомпетентна, нестручна и непрофесионална, вработените ќе мора да се преедуцираат за да не ја загубат работата

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, давајќи отчет за „100 дена Влада“, рече дека административците што не покажуваат добри резултати...

Економија23 часа

Димитриеска-Кочовска: Никогаш не можам да се согласам со мерката на замрзнување на цените, ефектите нема да бидат толку големи, особено во услови на ниска инфлација

Во изминатите 100 дена работевме без штедење, кажа денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска. Изрази задоволство од...

Македонија24 часа

Веќе е готов нов закон со кој се предвидува не само етничка туку и полова и секаква друга застапеност во институциите, уверува Таравари

Со нов закон ќе се гарантираат етничка, полова и застапеност во институциите на сите категории луѓе што живеат во државата,...

Свет1 ден

(Видео) „Кога ќе се раздени, веројатно ќе ги собираме телата“, вели шеф на полиција на Флорида

Во Брадентон, Флорида, е 4 часот наутро, а шефот на градската полиција разговараше со новинарите на Би-би-си неколку часа по...

Свет1 ден

(Видео) Милтон сега е ураган од прва категорија

Околу 12:30 часот по локално време, „окото“ на бурата се придвижи кон внатрешноста, носејќи обилни дождови на североисток кон Орландо....

Европа1 ден

(Видео) Масовен напад врз Русија, погоден магацин со дронови, гори кај воениот аеродром

Украинските сили во последните часови нападнаа неколку цели во Русија со беспилотни летала. Експлозиите се слушнале недалеку од селото Октјабрскиј...

Свет1 ден

(Видео) Ураган на векот во Флорида, пристигнуваат страшни снимки

Ураганот Милтон пристигна на Флорида околу 20:00 часот по локално време (02:00 часот по македонско), предизвикувајќи торнада и го зафати...

Свет1 ден

(Видео) Сателитот го сними моментот кога ураганот го погоди брегот на Флорида

Ураганот Милтон во средата навечер навлезе во Флорида како бура од трета категорија, според Националниот центар за урагани на САД,...