Економија
Македонија се презентираше пред дански бизнисмени
Доколку се земат во предвид економските потенцијали и одличните пријателски односи на Македонија и Данска, постои увереност дека има огромни неискористени можности за трговска и инвестициска соработка.
Ова во четвртокот во Копенхаген го порача македонскиот премиер Никола Груевски на бизнис форум во ко-организација со Данско-Турската Бизнис Федерација, на кој беа претставени економските и инвестициските потенцијали на Македонија пред околу шеесетина дански компании. „Токму овој форум е вистинскиот чекор во насока на нивно идентификување, со потенцирање на сеопфатните и темелни реформи на бизнис опкружувањето, кои ги спроведува македонската влада“, истакна Груевски.Тој изрази благодарност за укажаната можност да се продлабочи соработката со претставниците на данската индустрија и трговија, токму во Копенхаген, во срцето на економијата, која храбро чекори по патеката на одржливиот и “зелениот“ економски растеж.„Македонската економија, повеќе години, во континуитет, се одликува со нагласена макроекономска стабилност и просечна стапка на инфлација од 2,5% во изминатава деценија, а со оглед на фактот што е мала, но отворена економија, која преку потпишаните договори за слободна трговија со Европската унија и земјите од ЕФТА и Југоисточна Европа (ЦЕФТА), како и со Турција и Украина, сега е дел од големиот европски пазар, со пристап до 660 милиони потрошувачи, посочи премиерот.Тој истакна дека во делот на јавните финансии се спроведува политика на низок буџетски дефицит и претпазливо задолжување, при што владиниот долг во моментот изнесува 26% од бруто домашниот производ, додека нашата задолженост е приближно колку нивото на долгот на централната Влада на Данска, кој изнесуваше 23% од БДП на крајот на 2011 година. Груевски се осврна и на значењето на образованието, при што истакна дека ако се има предвид дека динамичниот економски растеж во глобализираниот свет силно зависи од квалификациската структура на работната сила, повеќе години наназад, мојата земја силно инвестира во човечкиот капитал. „Не само што буџетските трошоци за образование се зголемени на ниво од 6% од бруто домашниот производ, туку и драстично се подобри пристапот до високото образование, особено до математичките, техничките и информатичките науки. Токму Данска е веројатно најдобриот пример дека инвестирањето во човечкиот капитал силно го забрзува економскиот растеж“, посочи премиерот. На крајот премиерот Груевски изрази силна верба дека денешната средба ќе помогне во информирањето на потенцијалните инвеститори и трговски партнери за економските политики и можностите за инвестирање во Македонија, при што ги повика данските бизнисмени да ја посета Македонија и да ги искористат нејзините компаративни предности, а Владата со сите ресурси ќе помогне тие проекти да се реализираат.Презентација на форумот имаa и останатите членови на владиниот економски тим.Вицепремиерот Пешевски детално ги запозна данските инвеститори со владините економски политики и со повеќе можности што ги нуди македонската економија, а пред присутните свои обраќања имаа и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак, како и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот, Христијан Делев. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

